вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 71
home Вести

Русија на страната на Грција, бара Македонија да го смени името

Русија на страната на Грција, бара Македонија да го смени името

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на годишната прес конференција запрашан од грчки новинар околу преговорите за името со Македонија рече дека Руската Федерација ќе го признае било кое име кое ќе го договорат Скопје и Атина.

Спорот, рече Лавров заживеал дури откако САД одлучиле Македонија да влезе во НАТО. Според него Грција не е таа што треба да направи отстапки, бидејќи веќе е членка, туку тоа треба да го стори Македонија ако сака  да биде дел од Алијансата.

„Без разлика на кое име се одлучат Грција и Македонија за Бившата југословенска република и донесат одлука која ќе го одразува Уставот на земјата секој ќе го признае тоа. Но мислам дека секој ја разбира суштината на процесот. Не станува збор за земање предвид на заедничките и специфични карактеристики на овие две соседни земји. Поентата е што една од овие земји мора под итно да стане НАТО членка“, истакна Лавров.

Иако Русија ја има признаено Република Македонија под уставното име, сепак Лавров ја ословува нашата држава како ФИРОМ.

Коронавирус