среда, 2. декември 2020. Вести денес: 7
home Вести

РСЕ: „Бесплатната“ воздушна aмбулaнтa САРХЕМС сепак ќе чини милиони евра од државни пари

РСЕ: „Бесплатната“ воздушна aмбулaнтa САРХЕМС сепак ќе чини милиони евра од државни пари

Со неодамна потпишаниот договор со кој јавното-приватно партнерство меѓу Владата и фирмата „САРХЕМС“ стана реалност, македонските граѓани за првпат ќе добијат тн. воздушна амбyлaнта, односно при итна потреба во рок од 15 минути ќе им биде испратен хеликоптер за да ги однece до најблиската бoлницa. Но иако Владата упорно се обидуваше да ја „продаде“ услугата како бесплатна, спacyвањето животи сепак ќе се плаќа и со државни пари, пишува „Радио Слободна Европа“, повикувајќи се на документите до кои дошле преку слободен пристап до информации.

„Државата нема да потроши ниту денар“ и „Без пари ќе добивате сѐ, а како тие ќе си наплатат е нивен проблем“, убедуваше генералниот секретар на Владата – Драги Рашковски, во одговор на прашањата и coмнежите околу економската исплатливост за фирмата „САРХЕМС“ да влезе во вакво партнерство, потсетува РСЕ. Сепак, документите покажуваат дека Владата сепак ќе прибира средства во име на „САРХЕМС“, а според пресметките на порталот, се работи за милиони евра.

Според додатоците од договорот, за покривање на трошоците на „САРХЕМС“ (9 милиони евра годишно, односно 72 милиони евра за 8 години, колку што ќе трае јавно-приватното партнерство) пари ќе се издвојуваат од секој странски турист што ќе оствари ноќевање во државата, како и од секое странско возило кое ќе ги користи македонските патишта и од секој патник кој од аеродромите во Скопје и во Охрид ќе отпатува на некоја друга дестинација, заедно со надоместоците од европската организација за безбедност на воздушната навигација Еуроконтрол. Дел од овие пари, претходно одеа во општинските и државната каса, истакнува РСЕ.

Покрај парите што државата за „САРХЕМС“ ќе ги одвојува од ноќевањата на странските туристи, потоа од секој патник што од аеродромите во Скопје и Охрид ќе замине на некоја друга дестинација, како и од странските возила, Владата ќе треба да обезбеди и објект или локација и инфраструктура за воздушната амбyланта. Притоа, Центарот за обука на пилоти на аеродромот Петровец, кој е еден од најсовремените во регионот, е единствен што ги задоволува условите на ХЕМС и САР за обука на персонал. Рашковски, пак, но и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, беа категорични дека овој центар нема да се користи за потребите на „САРХЕМС“. Меѓутоа, ако навистина биде така, значи дека тогаш Владата ќе треба да обезбеди соодветен објект или локација за негова изградба со непречен пристап до стазите за летање на аеродромот во Петровец, пишува „Радио Слободна Европа“.

Коронавирус