вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 199
home Вести

РСБСП: Не го потценувајте крајот на летото! Сѐ уште има високи температури и зголемена фреквенција на сообраќајот

РСБСП: Не го потценувајте крајот на летото! Сѐ уште има високи температури и зголемена фреквенција на сообраќајот

Во летниот период, за време на годишните одмори, во услови на зголемена сообраќајна фреквенција, високи температури и опуштена атмосфера, се зголемува и ризикот за предизвикување на сообраќајни незгоди, посочуваат од РСБСП.

Конкретно, стои во сооопштението од РСБСП, статистичките податоци покажуваат дека во летниот период односно во летните месеци, доаѓа до речиси двојно зголемување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, во однос на останатите месеци во годината.

– Ваквите состојби ја поттикнуваат потребата за преземање на една широка и сеопфатна акција за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, се наведува во соопштението.

Во овој период од годината и согласно тоа, РСБСП и МВР ja реализацираат таканаречената „ Летна кампања 2021“.

Летната кампања 2021 се реализира под мотото „ Вози одморен“. Целта на летната кампања е подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку едукација и подигање на свеста кај возачите за влијанието на високите летни температури и на заморот врз способноста за управување со моторно возило.

– Возењето во летни услови носи многу предизвици. Обврска на возачите е да бидат максимално подготвени, одморени и концентрирани за патување, да се прилагодат на условите на патот и да ја провераат техничката исправност на возилото. За ваша безбедност и за безбедноста на вашите најмили, бидете одговорни во сообраќајот, стои во соопштението од РСБСП.

Согласно тоа, РСБСП апелира возачите да бидат внимателни и концентрирани кога учествуваат во сообраќајот, да не го потценуваат заморот, да патуваат одморени и наспиени и да прават минимум 15 минути пауза на секои два часа возење. Сообраќајните незгоди кои се последица на заморот, најчесто завршуваат фатално.

Локални избори 2021