среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 1
home Вести

Росоклија: Случајот „Монструм“ е национална трагедија, само гадови може да прикриваат гадови

Росоклија: Случајот „Монструм“ е национална трагедија, само гадови може да прикриваат гадови

Смилковско езеро е национална трагедија и национална срамота. Само луѓе гадови, можат да штитат и прикриваат гадови, пишува Горазд Росоклија како коментар на веста за изјавата на родителите на едно од убиените момчиња.

-Како човек чувствувам гадење кон сите што ја опструираат правдата, особено кон судиите и судството. Како родител на 4 деца не можам ниту да замислам како би реагирал да сум еден од родителите на убиените деца. Пишувам и ми врие во градите. Кога станува збор за Заев, тој е најмалку виновен за тоа што го прави, како го прави и за тоа што не го прави. Беше потребна само едната мозочна хемисвера за да се види кој е, што е, какви капацитети има, во чии канџи е. После апсењето, борбата за неговиот гол живот, ја пренесе врз земјата и врз македонската нација. Сите, со сесрдна помош на претпоставената интелектуална елита, не бутна во амбис, во септичка јама. За него знаеме дека ќе се удави, за нас не знаеме кога ќе испливаме, пишува професорот во друг коментар.

Коронавирус