среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 147
home Вести

Росоклија: Оваа власт ги помина сите црвени линии во владеењето со Македонците

Росоклија: Оваа власт ги помина сите црвени линии во владеењето со Македонците

Членот на МАНУ надвор од работниот состав и професор на Универзитет „Колумбија“ во Њујорк, Горазд Росоклија, со жесток коментар на „Фејсбук“ за начинот на владеење на сегашната власт во Македонија, со акцент на немањето црвени линии за идентитетските прашања.

„Инсталацијава што има статус на власт нема црвена линија кога е во прашање националниот интерес.
Тоа ми е разбирливо затоа што е составена од луѓе кои не вградиле ништо во вредностите на нацијата, а од Ништо лесно е да се откажеш.
Но, оваа власт ги помина сите црвени линии во владеењето со Македонците, по што ним, на властодршците, не им останува простор за живеење по владеењето.
Држењето во притвор на интелелктуалната, уметничката и културната елита на земјата и преплавување на македонските градови со ослободени криминалци и убијци е само врвот на пирамидата на злото која ја изградија.
Дали размислиле што по јуни?
Што по влегувањето во НАТО?
Дали размислиле за судбините на категоријата безначајни политичари ситни криминалци како нив во минатото?
Дали знаат што се случи со Санадер? Ќе доаѓаше во Њујорк, му ја поништија визата, го уапсија во ЕУ и им го дадоа на Хрватите да го стават во затвор.
Дали знаат за судбините на крупните државници и криминалци како Пахлави, Маркос, Нориега?
Никој никаде не им даваше азил, Америка им ги затвори вратите и ги завршија животите во затвор или во избеглиштво, кај што им беше земено сѐ што украдоа, бидејќи тие што ги прибраа беа од истиот криминален ков како нив.
Каде ќе побегнат ‘нашиве’ од следната власт и, уште поважно, од сопствениот народ?
‘Џентлменскиот’ договор ‘ќе крадеме и нема да се апсиме едни со други’ меѓу ДПМНЕ и СДСМ нема повеќе да функционира, бидејќи некои други и различни ќе ја имаат власта.

— со Иванчо Попов и Тони Наумовски“, напиша Росоклија во статусот насловен „Инсталација“, покрај фотографијата од протестот во Њујорк.

Коронавирус