недела, 15. декември 2019. Вести денес: 1
home Вести

Ромската заедница навредена: „Политичарите го штитат Рашковски“

Ромската заедница навредена: „Политичарите го штитат Рашковски“

Сенада Сали е поранешна студентка на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. Таа сега работи како правник во Европскиот центар за правата на Ромите и вели дека е разочарана од нејзиниот поранешен професор, за кого вели дека не верувала оти можел да има стереотипи за Ромите, пренесува ТВ21.

Режимот за Ромите не е сменет, бидејќи стереотипите сѐ уште постојат, дури и меѓу политичарите, додава Сенада, која е најразочарана од неказнувањето на оние кои ги навредуваат Ромите.

Претседателот на опозициската партија Демократски сили на Ромите, Шабан Салиу, вели дека зборовите на Рашковски задираат во чувствата на Ромите, а во случај да се докаже и дека имало неправилности во тендерската постапка, тогаш како што велат од партијата,  Рашковски, треба да поднесе оставка.

ИЗВОР: ТВ21