четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Вести

РОЈТЕРС: Македонија мора да признае дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени, доколку сака да започне преговори со ЕУ

РОЈТЕРС: Македонија мора да признае дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени, доколку сака да започне преговори со ЕУ

Северна Македонија мора да признае дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени, доколку сака да започне преговори со ЕУ, порача во интервју за Ројтерс, бугарската министерка за надворешни работи Захариева.

Доколку двете земји не го решат проблемот, Бугарија ќе стави вето, се закани Захариева. Софија, вели таа, го губи трпението поради одбивањето на Северна Македонија да го имплементира Договорот за пријателство кој двете земји го потпишаа во 2017 година.

Клучниот проблем за Бугарија е како да ги запре барањата за признавање на македонско малцинство во земјата. Според Захариева, тој проблем ќе се реши доколку Скопје признае дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени.

„Нашите грижи потекнуваат од бескрајните тврдења за македонско малцинство во Бугарија. Признавањето на бугарските корени ќе му стави крај на тоа“, вели Захариева.

Доколку Скопје се согласи, додава таа, Бугарија е подготвена да ги признае македонскиот „како еден од официјалните јазици во Северна Македонија“ и да го прифати македонскиот идентитет.

„Не спориме со нивното право на самоопределување, ниту со правото да си го нарекуваат јазикот како сакаат. Подготвени сме уште еднаш да ги потврдиме актуелните реалности, но тие мора да ја прифатат историска вистина“, вели бугарската министерка.

Најнови вести

Коронавирус