сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 98
Во живо

30-та Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Роднините на обвинетите во „Монструм“ денеска излегуваат на протест- во Скопје следува посебен сообраќаен режим

Роднините на обвинетите во „Монструм“ денеска излегуваат на протест- во Скопје следува посебен сообраќаен режим

Денеска, со почеток во 13.30 часот, семејствата на обвинетите во случајот „Монструм“ за убиствата кај Смилковско езеро ќе протестираат поради последното рочиште, во кое во завршните зборови обвинителката Фатиме Фетаи во име на Основното јавно обвинителство (ОЈО) оцени дека обвинетите го сториле делото и побара највисоки казни. Од МВР најавуваат посебен сообраќаен режим.

„Денес со почеток во 13.30 часот е најавен протест кој ќе започне од парк Чаир со движење по ул. „Цветан Димов“, во продолжение по бул. „Крсте Мисирков“, десно по бул. „Гоце Делчев“ заедно со група која што ќе се собира пред „Скендер бег“ ќе се упати по ул „Филип Втори Македонски“ до OJO во траење од три часа“, информираат од МВР.

„Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници. Затворени за сообраќај од 13.00 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици:

– бул. Христијан Тодоровски Карпош“, ул. „Џон Кенеди“, ул.„Цветан Димов“, бул. „Гоце Делчев“ и ул. „Филип Втори Македонски“, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, велат од МВР.

ЕУРО 2020

Македонија