среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Родителите револтирани поради енормната загаденост, најавуваат бојкот на наставата

Родителите револтирани поради енормната загаденост, најавуваат бојкот на наставата

Родителите загрижени поради енормната загаденост во цела Македонија преку социјалните мрежи коментираат и се организираат за бојкот на наставата.

Во многубројните објави и коментари на Интернет, родителите истакнуваат дека се револтирани поради непреземањето мерки од страна на надлежните за решавање на овој голем проблем. Тие се се’ поодлучни да ја бојкотираат наставата на нивните деца и да не ги носат во училиштата и градинките, со цел да го заштитат здравјето на своите најмили.

Огромен е бројот на оние кои се децидни во својата одлука поради големата загаденост да се бојкотира наставниот процес.

ПМ10 честичките вчера и денеска достигнаа рекордна концентрација на микрограми на метар кубен.

Скоро и да нема град во Македонија во кој моментално има чист воздух.

Мерните станици покажуваат над-нормално загадување во мерните станици во Струмица, Битола, Скопје, Тетово…

Експертите препорачуваат да се избегнуваат подолги периоди на отворена површина. Додека на мали деца, стари лица и бремени жени им се препорачува да не излегуваат без посебна потреба.