среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 36
home Вести

Родителите разочарани од власта: Учениците со години учат од искинати и оштетени учебници кои се дувло на бактерии (ФОТО)

Родителите разочарани од власта: Учениците со години учат од искинати и оштетени учебници кои се дувло на бактерии (ФОТО)

До редакцијата на КУРИР денеска се обратија разочарани и револтирани родители на ученици кои на почетокот на школската година ги добија своите учебници од кои треба да учат во текот на целата година.

Станува збор за учебници за шесто одделение кои се потполно оштетени, искинати, чкртани, валкани, но и дувло на бактерии.

Родителите кои сведочеа за КУРИР за оваа катастрофална состојба велат дека никој не презема ништо и децата со години земаат вакви учебници.

-Математиката е проста, доколку нашите деца ги оштетат веќе оштетените учебници ќе треба да ги платат, а потоа ќе се купат нови учебници со нашите пари и ќе лажат дека се бесплатни, вели еден од револтираните родители.

И додека револтираните родители мака мачат како да ги мотивираат децата да учат од парталавите учебници, Министерството за образование и наука не мрднува со прст.

Се поочигледно е дека истото го прават и комисиите во сите училишта кои се формираат за проверка на квалитетот на учебниците на крајот од секоја школска година.

Инаку овој проект во минатото го спроведе владата на ВМРО-ДПМНЕ, доделувајќи им бесплатни учебници на сите ученици во основно и средно образование.

Коронавирус