петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 78
home Вести

Родителите на учениците кои се запишуваат во скопската гимназија „Орце Николов“ на протест пред Влада

Родителите на учениците кои се запишуваат во скопската гимназија „Орце Николов“ на протест пред Влада

Родителите на учениците кои се пријавиле во јунскиот уписен рок во скопската гимназија „Орце Николов“ излегоа на протест пред Владата затоа што не сакаат нивните деца вонредно да полагаат квалификациски тестови, пишува Фактор.

За упис во ова среднио училиште има убедливо најголем интерес кај новопечените средношколци во цела Македонија и за слободни 285 места се пријавиле дури 330 ученици со сите петки, односно со максимален успех во основните одделенија. Министерството за образованиемвоведе некаков критериум за нивна селекција и решението падна на квалификациско тестирање, што не им се допадна на родителите.

– Сигурен сум дека владини претставници ќе ги примат родителите на состанок, а потоа за донесените заклучоци од средбата ќе биде навремено известена јавноста – рече Мухамед Хоџа, портпаролот на Владата.

Најнови вести

Коронавирус