петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Родителите гневни на Царовска за најавеното укинување на печатени учебници

Родителите гневни на Царовска за најавеното укинување на печатени учебници

Проблемите во образовниот процес никако да стивнат. Пред само неколку дена министерката за образование и наука, Мила Царовска најави дека ќе се укинат печатените учебници од четврто одделение па нагоре. Оваа најава на Царовска предизвика многу незадоволство и гнев кај голем број на родители.

-Моето дете е шесто одделение и наставата ја следи од дома. За да може се здобие со знаење, без разлика на тоа што имаат учебници секојдневно ги копираме материјалите кои им се предаваат преку онлјан платформата и сето тоа си го плаќаме од нашиот сопствен џеб. Во врска со најавената реформа која ја најавија министерката Царовска за укинување на учебниците мислам дека многу ќе влијае на домашниот буџет затоа што тогаш секојдневниот материјал ќе мора да го копираме, ни изјави родител. Освен ова до нашата редакција стасаа уште голем број примери за тоа како ќе влијае сето ова врз децата и врз семејниот буџет.

-Живееме во рурална средина. Ние дома немаме принтер, а и во околината многу тешко се наоѓа копирница. Моето дете сега следи настава со физичко присуство. Но, доколку од септември се започне со следење настава по електоронски пат, како јас ќе му помогнам на моето дете да ја совлада наставата, кога немаме каде да го копираме материјалот кој ќе го следи. Мислам дека не може деца на возраст од четврто одделение цело време да учат од компјутери, мислам дека тоа ќе влијае и на нивното здравјето, ни раскажа друг родител.

Во врска со ова реформа регираше и Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ каде што ги потврдуваа примерите кои ни ги посочија родители.

-Тие што мислат дека се многу паметни затоа што ги укинале книжните учебници, нека наведат барем 5 од 195 држави во светот каде што нема печатени учебници на сите нивоа на образование.Што им беше целта? Да заштедат на трошоци за печатење, така што родителите сами ќе печатат од фајлови? Читањето од екран нема да ги направи ни подобри информатичари, ни програмери, само ќе им ги дорасипе очите на идните генерации. Електронската книга, освен што ги заморува очите, е непрегледна за брзо пребарување и прелистување, подвлекувањето е потешко (иако возможно) отколку во печатена книга, за тие што учат на таков начин. Никако да сфатат дека формата на книгата не е пресудна, туку квалитетот на книгата, а уште повеќе способноста на наставникот и на ученикот, пишува во фб статус на оваа Kомисија.

Кога станува збор за електронско следење на наставата не може, а да се занамари фактот дека власта и министерката за образование и наука, Мила Царовска оставија 40.000 деца без уред за следење на настава.

Ова е бројката која излезе во септември месец кога започна учебната година и оттогаш до сега ниту власта, ниту ресорното министерство не најде начин да им се помогне на овие ученици да следат настава.

Коронавирус