вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 112
home Вести

Родителите гневни: Еве каква песничка за татковината учат нивните деца во македонска градинка (ФОТО)

Родителите гневни: Еве каква песничка за татковината учат нивните деца во македонска градинка (ФОТО)

„Тоа што премиерот си прави политички договори со соседни земји, не смее да се одрази врз нашите деца. Погледнете каква песничка учат во градинка. Песна која е посветена за татковината, нешто кое им е наследено од предците, но со уставното име што неколкумина пратеници си го изгласаа“.

Револтирани родители на дечиња од градинка во Македонија ја контактираа редакцијата на КУРИР. Велат дека не сакаат нивните деца да учат вакви песни.

-Погледнете што е напишано со големи букви. Ова не е воспитен процес, ова е перење на мозок, велат родителите.

Мојата татковина

Татковината моја

не е било која.

Лична е како слика

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА се вика.

Голема многу не е,

но за неа секој песна пее.