петок, 17. септември 2021. Вести денес: 39
home Вести

Родителите бараа семафор, новите власти ветија, но не исполнија: Уште едно дете прегазено на „Борис Сарафов“ во Ѓорче Петров

Родителите бараа семафор, новите власти ветија, но не исполнија: Уште едно дете прегазено на „Борис Сарафов“ во Ѓорче Петров

Десетгодишно дете е прегазено на улицата „Борис Сарафов“ во Ѓорче Петров, вчера утрината околу 8 часот.
Возилото било со скопски регистерски таблици управувано од 40-годишен жител на скопското село Шишево, со иницијали Т.Ј.

По незгодата со истото возило детето било пренесено во комплексот клиники Мајка Тереза, каде што му била констатирана тешка телесна повреда и било задржано на понатамошно лекување.

Родителите на учениците од ООУ„ Мирче Ацев“ кое се наоѓа на оваа улица, како и околните жители, подолг период апелираат за поставување на светлосна сигнализација, бидејќи претходно беа полесно повредени уште неколку деца во сообраќајни несреќи на истата улица.

Во октомври минатата година родителите излегоа и на протест, со што им беше ветено и од страна на градоначалникот на општината, тогашен кандидат, Александар Наумоски дека ќе се заложи кај градските власти, (бидејќи улицата е под ингеренции на Град Скопје) за проблемот, но оттогаш до денес не се поставени семафори.

Коронавирус