четврток, 22. август 2019. Вести денес: 109
home Вести

РОДИТЕЛИ ДАЛИ СТЕ ЗАПОЗНАЕНИ: Од утре се воведуваат две нови вакцини за децата

РОДИТЕЛИ ДАЛИ СТЕ ЗАПОЗНАЕНИ: Од утре се воведуваат две нови вакцини за децата

Стартува вакцинирањето на децата со две нови вакцини – рота вирус и пневмокока.

Доенчињата и малите деца најчесто страдаат од инфекции на долните и горните респираторни патишта, како и тешки инвазивни болести предизвикани од пнеумококот, што претставува и најголема причина за хоспитализација кај оваа група деца. Доктор Катерина Ставриќ смета дека новите вакцини ќе значат поголема заштита на децата и избегнување сериозни компликации на здравјето, објавува Слободен Печат.

Имунизацијата со новите вакцини започнува од утре и педијатрите велат дека родителите треба да се запознаат со придобивките и заштитата на децата во најчувствителниот период од животот.

90 илјади вакцини од двата типа ќе бидат поделени низ здравствените установи за имунизација. Овие вакцини во повеќето европски земји се применуваат повеќе од една деценија.