среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

Родилка и бебе починаа, Филипче молчи

Родилка и бебе починаа, Филипче молчи

Министерот за здравство Венко Филипче е прв кога треба да се пофали, но кога на површина излегуваат проблемите го нема да ја понесе одговорноста. Уште една родилка заедно со нејзиното неродено бебе починаа на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Од ГАК се појавија со соопштение со оправдување дека допрва ќе има вонреден инспекциски надзор, прво кај матичниот гинеколог и кај матичниот лекар, а потоа и на Клиниката за гинекологија.

Сепак, и покрај што Це-те-гето било сомнително таа биле пуштена за да по два часа, се вратила со обилно крварење и веќе мртов плод. Иако од ГАК велат дека не се работи за нивна грешка, сепак јавноста речиси секој месец е сведок на починати родилки или бебиња поради пропусти и лошото менаџирање од страна на раководните лица.

Семејството бара одговори зошто и покрај направеното Це-Те-Ге и било речено да си оди бидејќи за породување било рано.

– Таа немаше никакви проблеми, а на Гинекологија отидовме затоа што почнаа породилните болки. Кога стигнавме пред влезот во Шуто Оризари, таа почна обилно да крвари и ние веднаш се вративме назад. Ја хоспитализираа, тоа беше попладнето, околу 16 и 30 часот најдоцна. Во 20 и 30 вечерта ни се јавија да дојдеме бидејќи, како што ни рекоа е, е во критична состојба“, вели нејзиниот внук од брат, Фејзула Јашаров за порталот Нова.

Со реакција се јавија и од Иницијативата на жени од Шуто Оризари кои прашуваат до кога Ромките ќе плаќаат со живот поради немањето на матичен гинеколог.

– Овој случај остава сомнителен впечаток дека одговорноста за смртта на родилката и на новороденчето треба да се бара во институциите, системот или во човечки фактор! Оттука, сериозно сме загрижени за животот на сите жени од Шуто Оризари и токму затоа го осудуваме индиферентниот однос на институциите за решавање на проблемот со матичниот гинеколог! Јавно прашуваме дали случајот со починатата родилка од Шуто Оризари е соодветно третиран од страна на УГАК, велат оттаму.

Залудни се фалбите на министерот Венко Филипче дека се вложува во јавното здравство, опрема и човечки капитал и дека ги подобруваат условите во болниците, кога Шуто Оризари се уште нема гинеколог. Филипче уште во јануари годинава ветуваше и уверуваше дека ќе се најде решение за овој проблем, еве веќе изминува септември такво решение нема. Како резултат на тоа што СДСМ и Филипче не го решаваат проблемот со матичен гинеколог во Шуто Оризари, резултатот на тоа се загубени човечки животи поради ненавремена здравствена заштита како за себе така и за своите новороденчиња.

Најнови вести

Коронавирус