петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 190
home Вести

Рочиште за предметот „Тревник“, Латас седнува на обвинителна клупа

Од Специјалното јавно обвинителство изразуваат сомнение за кривично-правни дејствија на три лица за изградба на три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење.
Рочиште за предметот „Тревник“, Латас седнува на обвинителна клупа

Во Кривичниот суд за денеска е закажано рочиште за предметот „Тревник“ на Специјалното јавно обвинителство, што се однесува на бесправна градба на куќи во Зелениково, а во кој првообвинет е новинарот Драган Павловиќ – Латас.

Од Специјалното јавно обвинителство изразуваат сомнение за кривично-правни дејствија на три лица за изградба на три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење.

Според прибавените докази на СЈО, меѓу кои и сателитски снимки, вештачење, како и останата документација, овие три викенд-куќи биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени.  (МИА)

Најнови вести

Коронавирус