недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 81
home Вести

Роберт Милески обвини за чиста корупција во тендер на Министерството за информатика од 200.000 евра во време на корона!

Роберт Милески обвини за чиста корупција во тендер на Министерството за информатика од 200.000 евра во време на корона!

Активистот Роберт Милески обвини за очигледна корупција во министерството за информатичко општество. Се работи за тендер од дури 200.000 евра за избор на фирма која ќе го одржува националниот портал за е-услуги. Според огласот објавен вчера на страната на Бирото за јавни набавки проценетата вредност на договорот со траење од една година е 12 милиони денари или 200.000 евра.

Тоа значи дека месечно одржување на порталот за електронски услуги ќе чини неверојатни 16.600 евра.

Милески на ФБ профилот напиша:

„Сакате чиста корупција? Повелете! Тендерот од информатички аспект е тотална катастрофа. Не може да се спои одржување на веб сајтот заедно со развој на нови функционалности без претходно да се знаат истите. За тоа мора посебен проект, да се дефинираат бизнис процесите, да се искалкулира и потоа да се пристапи кон нивен развој. Ова е отворена корупција и за ова мора да се одговара!“

Од Министерството за информатичко општество и администрација велат дека сомнежот околу висината на сумата за одржување и нејзината големина бил неоснован, па дури и ова било почетна сума за јавната набавка, која постои можност и да биде намалена во текот на постапката?! Од МИОА велат дека вонредната состојба во којашто сме сега, ја зголемувала важноста и потребата од дигитализација на процесите со цел да се обезбедел непречен тек на работите за сите граѓани.

 

ЕУРО 2020

Македонија