недела, 20. септември 2020. Вести денес: 83
home Вести

РКМ: Сите анализи покажуваат дека во нашите деривати нема опасни ПЦБ честички

РКМ: Сите анализи покажуваат дека во нашите деривати нема опасни ПЦБ честички

РКМ увезува мазут во Македонија со највисок квалитет, нема никакви злоупотреби со објектот на Плоштад Македонија.

Во последните неколку денови компанијата РКМ е под постојан конструиран напад од страна на одредни медиуми поради разни интереси. Во последниот од нападите кон компанијата РКМ која примарна дејност е трговија со нафтени деривати и енергенси, беше и тоа дека при увоз на мазут во од страна на хрватската царинска служба било констатирано дека РКМ увезува мазут со ПБЦ честици кои се штетни по здравјето и околината.

Врз основа на сите обвиненија се огласија од компанијата РКМ дека сите овие напади имаат за цел да го нарушат имиџот на компанијата без никаква неоснована причина и тенденциозно и сензационалистички се пренесува не проверена информација која сериозно ја нарушува позицијата во јавноста и деловниот свет.

Имено, на граничниот премин Бајаково е извршена контрола на преку 25 цистерни, од кои на 5 се констатирани ПЦБ честици, а испраќач е австриска компанија од руски производител на која ѝ се одземени сите права за увоз и извоз во иднина. Тој мазут од тие цистерни каде се констатирани овие ПЦБ честици бил наменет за Косово, a РКМ нема никаква допирна точка со тој производител, трговец и производ.

“Врз основа на серијата обвинувања од неколку медиуми кои имаат за цел да го оцрнат името и  да го нарушат имиџот на компанијата РКМ сакаме да ја известиме јавноста дека дериватите увезувани од германската рафинерија и австриската рафинерија чиј увозник и застапник е РКМ, хрватските власти констатираат дека сѐ е во ред и дека се работи за еколошки дериват каде нивото на сулфур е под 0,5 %, а целокупната соодветна документација хрватските власти ја имаат спроведено до Цариснката управа на што е одобрен увозот. ПЦБ честички за кои се зборува во медиумите не се дел од дериватите кои ги увезува РКМ во Германија и Австрија не се дел од производот. Царинската управа редовно ги контролира сите наши увози со позитивните законски прописи на државата.РКМ како компанија е под постојан надзор на државните инспекциски служби и во досегашното работење не е констатиран ниту еден прекршок на која било процедура при увоз на деривати и енергенси.” – изјавија од РКМ.

Во однос на споменувањето на името на Ратко Капушевски сопственик на РКМ во врска со објектот на плоштадот Македонија и фирмите на Самсоненко, тој вели дека нема никакви злоупотреби.

“Проблемите во неговите фирми се од финасиско должничка криза со која се соочува повеќе од три години, а не од афери и кривично-правен карактер. Оваа држава е европска држава каде мојот поранешен газда не знае колку пари должи, а судот во оваа држава и институции се адресите каде се решаваат споровите. По судската завршница јавноста ќе биде информирана. Фирмава на која се обидуваат да ѝ го нарушат имиџот има годинава данок платено колку сите негови компании заедно. Информациите за каква било поврзаност на политичари со мојот бизнис се неточни, најмалку од власта и опозицијата. Јас немам никакви политички активности и аспирации во блиска иднина, а моето јавно работење се одбележува со Националната агенција за европски програми и Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Политички не сум активен и нема да бидамво блиска иднина“, се вели во реакцијата на Ратко Капушевски, сопственик и управител на РКМ.

Коронавирус