петок, 18. септември 2020. Вести денес: 117
home Вести

РКЕ: Поскапуваат бензините и дизелот

РКЕ: Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар, додека екстра лесното масло за домаќинство за еден денар.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика новата цена на Еуросупер БС-95  ќе изнесува 66,50 денари, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 68 денари за литар, на Еуродизелот 55 денари и екстра лесното ќе се продава по 44 денари за литар.

Со одлуката се зголемува и цената на мазутот, која ќе изнесува 28,6 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 64 долари за барел, а курсот на доларот изнесуваше 52,16 денари.

Коронавирус