сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 106
home Вести

РКЕ ги отфрла наводите во колумната на Стевче Антовски

РКЕ ги отфрла наводите во колумната на Стевче Антовски

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија (РКЕ) ги демантира и отфрла наводите на Стевче Антовски, објавени во колумна на Курир.

Велат,  со колумната „Регулаторна комисија за енергетика – стручност, независност и компетентност!!!“ објавена на порталот www.kurir.mk (https://kurir.mk/kolumni/regulatorna-komisija-za-energetika-struchnost-nezavisnost-i-kompetentnost/)   ги доведувал читателите во заблуда сакајќи преку лажни обвинувања  и измислени тези поврзани со  сопствени лични убедувања да го нарушел кредибилитетот, независноста и стручноста на работењето на РКЕ.

Во целост ви го пренесуваме демантот на РКЕ:

„РКЕ категорично ја отфрла тезата дека: „Во исто време им удоволуваат на приватните монополи кои се поопасни од државните монополи во секој поглед неводејќи сметка за сопствениот народ и неговите платежни капацитети со оглед на економската состојба во која се наоѓа државата“, затоа што во своето работење РКЕ секогаш се води од член 16 од Законот за енергетика:  “Регулаторната комисија за енергетика е самостојно, непрофитно регулаторно тело кое го регулира и контролира начинот на вршење на енергетски дејности од Законот за енергетика”. Цената за пренос на електрична енергија за 2019 година се намали поради тоа што вкупните остварени приходи во МЕПСО во 2018 година биле повисоки за 13 милиони евра од одoбрените, и со намалувањето на цената за пренос  овој вишок на остварени приходи се врати назад кај македонските граѓани и македонската економија. Цената за дистрибуција на електрична енергија во 2019 година се зголеми заради зголемената цена за набавка на електрична енергија  што предизвика зголемен трошок од 5 милиони евра споредено со 2018 година. Доколку навистина се штител приватен монопол, Регулаторната комисија за енергетика немаше да го намали трошокот за нов приклучок од 500 на 370 евра, а трошокот за повторно приклучување од 1800 на 400 денари.Во текстот авторот наведува дека „…..експертите од РКЕ веројатно увиделе дека со депласирана цена на електричната енергија и со ТЕЦ Неготино на грб многу побргу од 2025 година ќе го уништат ЕЛЕМ како што е зацртано во владината стратегија, па преку „независната“ РКЕ носат одлуки со кои што трошокот за ТЕЦ Неготино ќе го сноси МЕПСО“.Информираме дека Регулаторната комисија за енергетика при носење на Одлуката за одобрување на регулиран максимален приход, просечна тарифа и тарифи за пресметковни елементи за вршење на регулираната енергетска дејност пренос на електрична енергија на Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, АД МЕПСО Скопје за 2019 година целосно ги зеде предвид одредбите од Законот за енергетика и Правилникот за начинот и условите за определување на регулиран максимален приход и регулирани просечни тарифи за пренос на електрична енергија, организирање и управување со пазарот на електрична енергија и дистрибуција на електрична енергија. Овој Правилник се базира на начелата утврдени во член 28 став (4) од Законот за енергетика и тоа: 1.урамнотежување на интересите на вршителите на енергетски дејности и потрошувачите, 2)       заштита на потрошувачите и корисниците на системот од каква било злоупотреба на доминантната позиција на пазарот, 3)       креирање на мерки за поттикнување на ефикасно работење на вршителите на енергетски дејности, 4)       вршителите на енергетски дејности да ги надоместат оправданите трошоци, како и да стекнат соодветен принос на капитал, 5)       финансиски средства неопходни за инвестиции со кои ќе се обезбеди одржливо и сигурно функционирање на енергетските системи, 6)       отстранување на вкрстените субвенции меѓу групите потрошувачи и прелевање на приходите и трошоците при вршење на регулираните и/или нерегулираните енергетски дејности, и 7)       надоместување на трошоците за набавка на енергија за покривање на загубите во соодветниот енергетски систем, имајќи ги предвид плановите и динамиката за намалување на загубите што операторите на системите ги доставуваат за одобрување до Регулаторната комисија за енергетика.Исто така во Правилникот во Прилог 1 – Методологија за пресметка на регулиран максимален приход за регулирана дејност пренос на електрична енергија во точка 4 – Пренесени трошоци е уредено дека еден од пренесените трошоци е трошокот за набавка на системски услуги за балансирање на електроенергетскиот систем, согласно Правилата за балансирање, вклучувајќи го и трошокот за одложена терциерна резерва одобрен од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.Во Правилата за балансирање, во член 104 став (2) е уредено дека операторот на електропреносниот систем склучува годишни договори за набавка на балансна енергија за заменска резерва со АД ТЕЦ Неготино заклучно со 31.12.2025 година. Трошокот за набавката/купувањето на оваа услуга го утврдува РКЕ во одлуката за одобрување на регулиран максимален приход, просечна тарифа и тарифи за пресметковни елементи за вршење на регулираната енергетска дејност пренос на електрична енергија на операторот на електропреносниот систем.Согласно член 78 став (2) точка 27) од Законот за енергетика, операторот на електропреносниот систем е должен во случај на загрозување на сигурноста во снабдувањето со електрична енергија, хаварии или поголеми отстапувања на потрошувачката на енергија од предвидените количини во рамките на техничките можности за пренос на електричната енергија да ги воспостави потребните измени на распоредот и времето на ангажирање на производните капацитети во Република Македонија и набавката на електрична енергија, при што  трошоците за набавената електрична енергија,  со примена на балансниот механизам, ќе се надоместат од учесниците на пазарот на електрична енергија коишто предизвикале отстапување.Имајќи го предвид горенаведеното, јасно може да се констатира дека РКЕ својата одлука трошокот за законски задолжителната резерва во електроенергетскиот систем што ја обезбедува ТЕЦ Неготино да го сноси МЕПСО како оператор на електропреносниот систем, е донесена во целост врз основа на постојната правна и регулаторна рамка. Со концептот како што беше до 2019 година, трошокот за законски задолжителната резерва во електроенергетскиот систем што ја обезбедува ТЕЦ Неготино да го покрива ЕСМ, беа оптоварени само домаќинствата и мал број на тарифни потрошувачи, но не и големите индустриски потрошувачи. Со новиот концепт, трошокот за ТЕЦ Неготино да се вкалкулира во цената за пренос на електрична енергија, овој трошок го плаќаат сите потрошувачи, а не само домаќинствата. Доколку, г-динот Антовски смета дека трошокот за ТЕЦ Неготино треба да го плаќаат само домаќинствата, а не и индустриските потрошувачи, уште еднаш потенцираме дека е тоа неправичен концепт, поради тоа што ТЕЦ Неготино постои за сите потрошувачи, а не само за домаќинствата.Што се однесува до тезата на авторот дека “….со депласирана и непазарна цена се уништува АД ЕЛЕМ за сметка на профитот на една приватна компанија….”, го упатуваме авторот на официјалните податоци за финансиското работење на АД ЕЛЕМ во последните 3 години кои потврдуваат дека компанијата има позитивни финансиски резултати и работи со значителен профит. Со постојниот Закон за енергетика АД ЕСМ (поранешно АД ЕЛЕМ) не е повеќе регулирана енергетска компанија, односно РКЕ не ја одредува цената на електричната енергија произведена во АД ЕСМ.Што се однесува до тезите на авторот во однос на либерализацијата на пазарот на електрична енергија, во Република Северна Македонија пазарот на електрична енергија е целосно отворен што значи дека секој потрошувач може да избере свој снабдувач со електрична енергија и меѓусебно да ги договорат условите под коишто ќе се врши снабдувањето, вклучително и цената на електричната енергија. За да се склучи договор, потребно е да има волја од двете страни.Согласно податоците на РКЕ, Процентот на реална либерализација на пазарот на електрична енергија во 2018 година изнесуваше 47,26%, имајќи во предвид дека загубите на електрична енергија операторите на мрежите ги набавуваат на отворениот пазар на електрична енергија уште од 01.01.2012 година. Порастот на процентот на либерализација на пазарот на електрична енергија  во 2018 година (47,26%) во однос на 2017 година (39,75%) езаради зголемувањето на потрошувачката на потрошувачите приклучени на преносната мрежа, како и намалување на потрошувачката кај тарифните потрошувачи како резултат на излегување на значителна група мали потрошувачи на слободниот пазар со електрична енергија.За подетални податоци може да се види Годишниот извештај на РКЕ за 2018 година којшто е објавен на веб страницата на РКЕ.Според последните податоци, до крајот на јуни 2019 година, 23.183 потрошувачи (по мерно место) набавуваа електрична енергија од активните снабдувачи на слободниот пазар со електрична енергија, по взаемно договорени (нерегулирани) цени.Во периодот од јануари до октомври 2019 година, бројот на мерни места за кои е спроведена постапка за промена на снабдувач изнесува 6.347, што споредено со истиот период во 2018 година (3.783 промени на снабдувач) претставува значителен пораст за 67,8%. Овој податок ја отсликува забрзаната динамика на движењата на пазарот на мало со електрична енергија во 2019 година, што е резултат на целосната либерализација која започна на почетокот од годината. Нашата држава е единствена земја во југоисточна Европа каде што функционираат 9 активни снабдувачи со електрична енергија. Процентот на либерализација на пазарот на електрична енергија во Република Северна Македонија е највисок во регионот на југоисточна Европа.Со новиот Закон за енергетика е воведен универзален снабдувач со електрична енергија кој ја набавува електричната енергија од ЕСМ и негова основна функција е да ги штити домаќинствата од високи цени на слободниот пазар на електрична енергија. Во 2019 година цената на домаќинствата на регулираниот пазар на електрична енергија каде што се снабдувани од универзалниот снабдувач изнесува 4,11 денари за киловатчас. Доколку, домаќинствата набавувале електрична енергија на слободниот пазар нивната цена би изнесувала приближно 6,3 денари за киловатчас, односно за 55,72% повеќе во однос на цената од универзалниот снабдувач. Ова е неспорен факт којшто укажува дека новиот Закон за енергетика ги штити македонските граѓани од ценовни шокови. Секој граѓанин, па и г-динот Антовски, слободно може за себе да си набави електрична енергија на слободниот пазар, но тоа во моментов не е економски оправданоПосочуваме дека согласно Законот, претседателот и членовите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и вработените во стручната служба почитувајќи ги високите етички и морални принципи на работа, при извршувањето на своите работни обврски и при одлучувањето постапуваат професионално, непристрасно, објективно и совесно штитејќи го интересот на потрошувачите. Дополнително за кредибилитетот и интегритетот, како и за експертизата која ја поседуваат претседателот, членовите и вработените во РКЕ, говори и последната анализа на Европската Енергетска Заедница со која се потврдува  иде јуре и де факто, исполнувањето и почитувањето на регулаторната рамка во енергетиката на Северна Македонија со правото на Европската Енергетска Заедница, како и независноста на регулаторното тело.Во анализата доставена од Европската Енергетска Заедница до Aгенцијата за соработка на енергетските регулатори се нотира дека „РКЕ ја докажа способноста и посветеноста кон развивањето регулаторни правила под притисок и со висок квалитет и покажа целосна сопственост врз процесите и го искористи својот независен статус даден согласно законот. Регулаторот покажа подготвеност и способност да се спротивстави на потенцијалните влијанија врз независноста што му се дадени според законот и да ја одбрани својата автономија. РКЕ покажа највисока експертиза, стандарди и посветеност за навремено развивање на регулаторните правила како што се бара според Законот за енергетика и воспостави напреден пазарен модел со висок степен на пазарна ориентација. Според тоа, подготовката на регулаторните акти во секторот на електричната енергија може да се смета за завршена”.„. Исто така, Европската Енергетска Заедница и во 2018 година и во 2019 година ја постави РКЕ на прво место при рангирањето на сите земји членки.Не навлегувајќи во мотивите го замолуваме почитуваниот г-дин Антовски во иднина за работењето на РКЕ да се информира или од релевантни меѓународни институции или директно од РКЕ, која секогаш му е на располагање за дообјаснување на за начинот на функционирање на енергетските пазари, а особено пазарот на електрична енергија. Во однос на надежта на г-динот Арсовски дека во иднина во некои други институции ќе бидат отворени предмети во врска со работењето на РКЕ, го информираме г-динот Антовски дека повеќе институции досега ја имаат  анализирано работата на Регулаторната комисија за енергетика, и ниту една институција немаше сериозни забелешки. И во иднина РКЕ останува отворена за анализа на нејзиното работење. РКЕ бара јавно извинување од г-динот Арсовски за пласираните навреди за стручноста и независноста на Регулаторната комисија за енергетика  и водни услуги. Во спротивно, доколку колумнистот не се извини јавно на начин на кој што ги изнесува лажните квалификации и обвинувања, РКЕ ќе  преземе чекори со цел заштита на угледот на своите вработени.“

Коронавирус