среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 55
home Вести

Ристовски за изборот на претседател на Македонски олимписки комитет: Борбата е помеѓу две големи зла – Спортот треба да одбере кое е помалото зло 

Ристовски за изборот на претседател на Македонски олимписки комитет: Борбата е помеѓу две големи зла – Спортот треба да одбере кое е помалото зло 

Во вестите на Алфа денеска во живо се вклучи Борко Ристовски, македонскиот ракометар кој игра за екипата на Рајн-Некар Левен во германската Бундеслига и за ракометната репрезентација Македонија.

Тој го истакна неговиот став и мислење околу актуелната тема моментално во споротот, а тоа е изборот за претседател на Македонскиот олимписки комитет помеѓу Александра Војнеска Зикова и Даниел Димевски.

-Мислам дека треба да ја извлечеме главната поента на овој конкурс, мислам дека главното не е колку кандидати има, мислам дека главното е квалитетот на кандидатите кој што ќе се пријават на тој конкурс или кој што ќе се избере да бидат дел и кој што ги исполнуваат условите да бидат дел од борбата за едно така престижно, односно најголемата спортска институција во државата, а тоа е Македонскиот олимписки комитет. Од она што можев да го прочитам низ медиумите се работи за многу сомнителен избор  и многу сомнително собрание на кое што ќе се бира помеѓу две зла и треба да се избере кое е помалото зло, што за избор како што е Македонскиот олимписки комитет или за позиција како што е Македонскиот олимписки комитет, мислам дека тоа е премалку. Мислам дека и двајцата кандидати се недостојни во најмала рака немаат морален кредибилитет да бидат дел воопшто од овој круг на луѓе кои што треба да учествуваат на овој вонреден избор и конгрес за претседател на МОК и едноставно, најпросто кажано мислам дека тие двајца не се луѓето кои што треба да го претставуваат спортот во Македонија, а уште помалку треба да го предводат Македонскиот олимписки комитет, изјави Ристовски.

– За едниот кандидат веќе има антикорупциската комисија поведено постапка за разрешување пред Владата. За другата кандидатка има доста работи кои што се сомнителни затоа што вооедно таа е и претседател на Комисијата при агенцијата за спорт и млади, која што одлучува кој клуб или која федерација колку парични средства ќе земе. Во најмала рака е сомнителна сама на себе, а вооедно таа е и претседател на Атлетската федерација на Македонија, сомнително е сама на себе да си доделува пари уште повеќе затоа што имаме конкретни информации дека во време на најголемата пандемија и кризата корона кога цел спорт беше застанат во Македонија, таа си доделувала огромен број на парични средства на својата федерација што е неморален чин, а да не зборувам и за тоа како тие средства, по кој основ и се слеваат на таа федерација. Како што може да видиме, атлетиката не е некој спорт кој што во Македонија ниту носи некои резултати нити пак ја буди националната свест или носи некои национални радости, така да тие двајца се сомнителни кандидати кои што едноставно не се на нивото на Македонскиот олимписки комитет.

Коронавирус