недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 79
home Вести

Ристовски: Со спорт да го јакнеме имунитетот и да спречиме ширење на заразата од КОВИД-19

Ристовски: Со спорт да го јакнеме имунитетот и да спречиме ширење на заразата од КОВИД-19

Драго ми е што успеавме да направиме една компонента на еден тим од доктори и професори кои што ја направивме една организација која што ќе помогне во ова црнило кое што не снајде со пандемијата меѓутоа и да помогнеме во превенцијата, во спречување но и јакнењето на имунитетот со што би спречиле и заразување на тој КОВИД-19, изјави денеска Борко Ристовски при посетата на Водно.

– Мислам дека вакви акции треба да се прават почесто и мислам дека можеби ова ќе биде само една иницијална каписла за тоа што планираме вакви активности да правиме и низ целата држава, низ цела Македонија. Уште еднаш можам само да изразам благодарност до сите кои земаа дел од оваа организација до сите кој дојдоа да бидат со нас и да спортуваат во природа, вели тој.

– Да оставиме во следна прилика сите заедно уште помасовно да се дружиме и нека биде ова почеток на една убава приказна со која што ќе направиме да сите луѓе кои што активно, непрофесионално се занимаваат со спорт, со планинарење, велосипедизам или било што и да е ќе ни се приклучат и заедно ќе го омасовиме овој настан и ќе успее да помогне колку толку на сите оние луѓе кои што едноставно не се чувствуваат, нели пешачењето на Водно им е неприродна средина и ќе помогнеме да ги извлечеме од дома, да ги тргнеме дечињата од пред компјутери, од пред телефони и да сите заедно се дружиме и да испратиме една силна порака, додаде Ристовски.

Коронавирус