четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ристовски: Пораките кои ОЈО ми ги става на товар не се испратени од мене, за тоа постојат материјални докази

Ристовски: Пораките кои ОЈО ми ги става на товар не се испратени од мене, за тоа постојат материјални докази

На денешното рочиште за најновито случај за 27-ми април, Спиро Ристовски во своето воведно излагање истакна дека смс-пораките кои им се ставаат на товар нему и на Миле Јанакиески ниту се испратени од нив, ниту биле испратени до нив.

„Преку анализа на материјалните докази, а посебно преку распит на сведоците кои ги предлагам ќе докажеме дека пораките содржани во обвинителниот акт кои беа вклучени во истиот пакет на т.н. докази, посочувам дека не се испратени од мене и истите претставуваат комуникација помеѓу одредени две лица кои јас не ги ни познавам. Токму затоа е нејасно како истата ни се препишува на мене и на Миле Јанакиевски кога според материјалните докази за таа комуникација докажано е дека ниту јас ниту Миле Јанакиески имаме испратено таква порака.“

Тој посочи дека истрагата по овој предмет била затворена без да му се овозможи правото на исказ односно без да го сослуша обвинителката Вилма Рускоска. „Исказот го дадов по мое барање, откако истрагата беше завршена од страна на обвинителството, а не како што е утврдено со ЗКП.

Тој додаде дека целокупниот обвинителен акт се темели исклучиво на претпоставки, небулози и крајно спорни околности.

„Јас не сум сторител на кривичното дело дадено како правна квалификација во овој случај, ниту пак се докажува реално превземеното дејствие опишано во овој таканаречен обвинителен акт. Сето ова кое го тврдам многу лесно се воочува за секое објективно око според таканаречените докази понудени од обвинителството, со исклучок на исказот од еден сведок, со име, презиме и надимак: Александар Василевски Нинџа, добро познат за сите кои го следат правниот поредок во Република Македонија.“

Коронавирус