вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 140
home Вести

Ристовски: Кога и да дојде ВМРО на власт, спортот вистински ќе биде најважен и ќе се направи една ревизија на сите договори

Ристовски: Кога и да дојде ВМРО на власт, спортот вистински ќе биде најважен и ќе се направи една ревизија на сите договори

Борко Ристовски денеска во своето уклучување во живо во вестите на Алфа ТВ го искажа својот став и мислење околу актуелниот избор на претседател на Македонски олимписки комитет, кој што е вонреден поради заминувањето на актуелниот претседател, Васил Тупурковски во пензија.

Како кандидати се пријавени Даниел Димевски и Александра Војнеска Зикова.

-Еве и една порака до претседателот сеуште актуелен господинот Васил Тупурковски меѓутоа и до Владата на Република Македонија и до двајцата кандидати па и до сите клубови ако сакате – Кога и да дојде ВМРО на власт, кога и да ја превземеме вистински власт во свои раце, кога вистински спортот ќе биде најважен, и ќе го има приматот во владеењето,  ќе постапиме по сите можни основи, ќе направиме буквално една ревизија на сите договори и на тоа како се гласало па и на овој избор за претседател на МОК. Имаме информации дека потпишуваат изјави на нотари со кои што ќе се гарантира гласот за еден или друг кандидат и сето тоа во најмала рака е сомнително, па нека биде ако сакате и Јавното обвинителство нека постапува по допен глас затоа што сигурни сме дека има доволно голем основ за да се потегне постапка да се истражат најмалце сите овие сомнителни работи кои што се случуваат, истакна Ристовски.

 

Коронавирус