четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Ристовски: До 15 септември очекувам да се донесе законот за ЈО

Ристовски: До 15 септември очекувам да се донесе законот за ЈО

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски кој учествуваше на разговорите со претставници на ВМРО ДПМНЕ во Владата околу новиот закон за ЈО, рече дека очекува до 15 септември да се донесе законот, пишува НОВА.

По денешната прва средба Ристовски кажа дека постигнале согласност со опозицијата за финансирањето на Јавното обвинитество.

– Се согласивме дека е потребно зголемување на финансиите генерално за целото Јавно обвинителство, а со тоа за негова поголема самостојност, а со тоа разговаравме за поголема одговорност на обвинителите – рече Ристовски.

За конкретно зголемување на платите на обвинителите не се разговарало, туку ќе се чека одговор од Министерството за финансии.

 

Коронавирус