среда, 21. април 2021. Вести денес: 140
home Вести

Ристовска: Мијалков има адреса на живеење во Прага, ситуиран е и може комотно да живее во бегство

Ристовска: Мијалков има адреса на живеење во Прага, ситуиран е и може комотно да живее во бегство

Обвинителката Ленче Ристовска, како еден од застапниците на обвинението во случајот случајот „Таргет –Тврдина“ побара ефективен притвор, наместо куќниот кој сега е во сила за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кому денеска во Основниот кривичен суд Скопје му беше изречена затворска казна од 12 години за овој предмет што се однесува на масовното прислушување и уништување на опремата од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК).

– Во текот на вчерашниот ден се добиени известувања од МВР и БЈБ согласно кои тие не поседуваат техничка опрема и можност за 24 часовен видео надзор над Мијалков. Дополнително, преку Европол потврдено е дека Мијалков има дозвола за престој во Прага и регистрирани две возила на свое име. Исто така, тој е добро ситуиран има свои компании, како и оти компании имаат и членови на неговото семејство. Поради ова тој може да си дозволи да живее сосема комфорно во бегство, изјави Ристоска.

Мијалков денска во Кривичниот суд беше спроведен од домашен притвор што му го одреди судот како мерка на претпазливост.

Во овој предмет обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, кои се во бегство во Грција, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Прислушувањето директно и индиректно опфатило околу 20 илјади граѓани.

Судењето за „Таргет – Тврдина “ започна на 22 декември 2017 година. Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов.

Коронавирус