понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Вести

Ристески: Во програмата „Проект Обнова” на Македонија предвидуваме раст на економијата од 4-5% на годишно ниво и домашни и странски инвестиции во износ од 4 милијарди евра

Ристески: Во програмата „Проект Обнова” на Македонија предвидуваме раст на економијата од 4-5% на годишно ниво и домашни и странски инвестиции во износ од 4 милијарди евра

Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ преку видео на Фејсбук пишува дека во програмата „Проект Обнова” на Македонија предвидуваат раст на македонската економија од 4-5% на годишно ниво и домашни и странски инвестиции во износ од 4 милијарди евра за период од 4 години.

-Кога овде пред 7-8 години се поставуваа камен темелници и се градеа нови фабрики, СДСМ и Миле Талевски тврдеа дека оваа индустриска зона ќе остане само обична ливада.
Денеска тука успешно работат и произведуваат три странски фабрики, каде својата егзистенција ја обезбедуваат неколку илјади наши сограѓани.
За разлика од Владата на Зоран Заев, која во изминатите 3 години не отвори ниту едно ново работно место во Прилеп, ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветуваше и го исполни.
Затоа денеска со чист образ излегуваме со нови проекти и мерки кои во целост се обврзуваме дека ќе ги реализираме.
Во програмата “Проект Обнова” на Македонија предвидуваме раст на македонската економија од 4-5% на годишно ниво и домашни и странски инвестиции во износ од 4 милијарди евра за период од 4 години.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на намалување на невработеноста под 10% и зголемување на платите на работниците за 25% во период од 4 години.
Економските тимови макотрпно работеа и покрај тоа што бевме во опозиција, па затоа ветуваме уште во првите 100 дена од формирањето на новата Влада, 3 големи мултинационални компании да ги објават своите инвестиции во Република Македонија.
Целата енергија на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде насочена кон зголемување на извозната конкурентност на македонските домашни компании.
За таа цел ќе обезбедиме целосна финансиска поддршка за ангажирање на домашни и странски експерти кои ќе работат со компаниите, ќе ги утврдат потенцијалите и ќе изработат инвестициски планови, што ќе им помогнат на компаниите за пласирање на нивните производи во странство.
Со оваа мерка ќе бидат опфатени над 150 компании само во првата година, а до 2024 година, бројката ќе се искачи на 1.000 домашни компании.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди и финансиска поддршка до 200.000 евра по компанија за инвестирање во нови технологии, купување лиценци, франшизи, воведување нови производни линии или подобрување на постојаните.
И со оваа мерка ќе бидат опфатени 150 компании годишно, а истите ќе имаат обврска да ја зголемат платата за 5% на своите вработени по завршувањето на инвестицискиот проект.
Во програмата “Обнова на Македонија” се обврзуваме исто така дека ќе финансираме до 20.000 евра од трошоците на домашните компании за нивни посети и настапи на светски саеми, средби со потенцијални трговски партнери, како и трошоци за маркетинг кампањи, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Кога овде пред 7-8 години се поставуваа камен темелници и се градеа нови фабрики, СДСМ и Миле Талевски тврдеа дека оваа…

Posted by Петар Ристески Претседател на OK ВМРО ДПМНЕ-Прилеп on Friday, July 3, 2020

Коронавирус