среда, 28. јули 2021. Вести денес: 126
home Вести

Ристески: Власта со камен темелници во Прилеп ќе ги покрива предизборните лаги

Ристески: Власта со камен темелници во Прилеп ќе ги покрива предизборните лаги

ВЛАСТА СО КАМЕН ТЕМЕЛНИЦИ ЌЕ ГИ ПОКРИВА ПРЕДИЗБОРНИТЕ ЛАГИ !!!
➡️Пред 15-тина години Прилеп беше најсоцијален град со најголем процент на невработени во Македонија. Бројката на невработеност се движеше околу 30 илјади или над 60% од работоспособното население можеби и повеќе!!!
➡️Комплетно уништено стопанство и пропаднати фабрики-гиганти, под клуч или стечај!!! Под дрво и камен се бараше работа за егзистенција…
➡️Цели фамилии живееја од социјална помош, од малите пензии на повозрасните, од помошта од роднините од странство или се снајдуваа на овој или оној начин…
⏩Во такви услови и со катастрофален наталитет, можеби и најмал во Македонија, Прилеп имаше проблем со одржувањето на постојаните капацитети на училиштата и градинките поради мал број на деца и средства (социјална Општина).
Пред само 8 години градинките беа со преполовен капацитет и мал интерес за нив, на работ на егзистенција одржувани со блок дотации и субвенции од државата и Општината.
⏺Но, сега гледано од оваа перспектива се поставува едно битно и суштинско прашање: Како наеднаш почна да расте интересот за згрижување на деца во градинките, а при сè уште екстремно мал наталитет во Општината (еден од најниските во државава)?
Секоја година деца се помалку, а потреби за градинките се повеќе-дијаметрална спротивност нели?
👉Одговорот на сето ова е еден и едноставен!
✅Потребите за зголемен број на деца во градинките нагло се зголемија поради: големиот број на нови инвестиции во градот, нови фабрики и погони, зголемени индустриски зони, јаката градежна експанзија, масовното урбанизирање на градот, развој на земјоделието… и мн други фактори, а сето тоа во време на владеењето на ВМРО ДПМНЕ во градот и државата ….
Сето ова предизвика застанување на цврсти нозе на економијата и намалување на невработеноста во градот. Потврда за тоа беа и бројните огласи (пред пандемијата) за пополнување на работни места.
✅За прв пат по децении, на пазарот на трудот во Прилеп имаше повеќе понуда од побарувачка за работа (недостаток на работна сила)!!!
⏩Сето ова предизвика и нови потреби кај младите брачни парови и родители, а една од нив, и потребата за згрижување на деца во предшколски установи, односно се дојде од суфицит до дефицит во сместувачките капацитети во градинките.
👍Односно, наместо како поретходно, сами да си ги чуваат децата поради невработеност, подобра варијанта стана децата да се згрижат, едуцираат и социјализираат во предшколска установи-градинки, за багателна цена!
👍Поради тоа, тогашната ЛС, како што се зголемуваа потребите за градинки, така почна и да ги зголемува капацитетите на истите, следејќи го темпото на намалување на невработеноста во градот, на општо здоволство на сите…!
❗Во период од неколку години, ЛС ги прошири капацитети на градинките во градот:
▪️се прошири градинката Бончејца со нов капацитет за 100-150 деца;
▪️ се реконструира и отвори новата градинка во Работничкиот Универзитет со капацитет за нови 60-70 деца;
▪️се реконструира и отвори нов капацитет и градинка во просторот на улилиштето “Рампо Левката” со капацитет за над 100 деца;
❗Секако, во тој период се отворија за прв пат во историјата на Општина Прилеп и нови градинки во населените места:
▪️нова градинка во Беровци (за жал сега не работи);
▪️нова градинка во Канатларци (за жал исто сега не работи);
▪️нова градинка во Тополчани (и таа не работи);
▪️нова градинка во Големо Коњари (и таа не работи);
‼ Значи за краток период се отворија нови градинки и капацитети за згрижување на повеќе од 300 деца во Општината.
❗Во неколку основни улилишта, по барање на родителите се отвори и дневен престој за деца: “Гоце Делчев” и “Климент Охридски”…
❗Исто така, битно е да се напомене дека во изминатиот период, претходната ЛС направи измени во ГУП-от и новите ДУП-ови овозможувајќи услови за изградба на нови градинки во двете најголеми населби во градот: Рид и Точила (каде што се постави камен темелник пред некој ден).
👎Но, факт е дека од отворањето на последната нова градинка (“Рампо Левката”) поминаа скоро 4 години односно цел мандат, а ние не видовме ниту нова градинка изминатиот период, ниту проширување на постојаните капацитети, ниту пак зголемен број на згрижени деца во градинките, а видовме затворени градинки во населените места!?!?
👎Камен темелникот пред некој ден на новата градинка во Точила е убава работа, но ако ја видевме пред две три години!!!
…И така, долгоочекуваната градинка најавена од сегашниве Власти во 2018… па во 2019…па во 2020… заврши со камен темелник и цртеж на табла во 2021, на крајот од мандатот, сигурно и без доволно обезбедени средства во буџетот, како што стои во тендерската постапка со рок на исплата наредните три години!!
👎Мандатот веќе завршува, а камен темелници, сликање и табли со цртежи изгледа ќе се изнагледаме, ќе се редат како што ќе наближуваат изборите!!
ЖАЛНО НО ВИСТИНИТО!!!

Фејсбук статус на Марјан Ристески 

Коронавирус