понеделник, 1. март 2021. Вести денес: 154
home Вести

Ристески: Владата да ги обештети тутунарите, зголемени субвенции и укинување на увозот на тутун

Ристески: Владата да ги обештети тутунарите, зголемени субвенции и укинување на увозот на тутун

Какво внимание добива тутунот, тутунопроизводителите и откупот си знаат самите тутунари со кого сум во контакт секојдневно, а нивните реакции се блокади, протести и незадоволство, ова денеска од собраниската говорница го истакна Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ.

-Состојбата на откупот на тутунот е драматична и срамна за оваа година, откупот е во хаос, а наместо организиран и среден пазар, постои безредие. Веднаш да кажам дека оваа година пред откуп немаше, а она што значеше во изминатите години обезбедување на финансиски средства навремено на тутуно производителите оние кои сакаа да го предадат тутунот од порано законскиот рок оваа година ја немаа таа шанса, вели Ристески.

Тој додава дека од многу од тутунопроизводителите се задолжувале за производството на тутун, но со пред откупот парите си ги враќале, а сето тоа годинава го немало.

Целата изјава од Ристески слушнете ја во продолжение:

Коронавирус