среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 194
home Вести

Ристески: Треба оставка од Филипче, како да зборуваме за успешно справување со кризата кога статистиката покажува спротивно

Ристески: Треба оставка од Филипче, како да зборуваме за успешно справување со кризата кога статистиката покажува спротивно

Владата носеше уредби кои немаа врска со корона кризата, а може да донесат мерки кои навистина ќе бидат од корист. Требаше да предвидат како ќе се одвива процесот на образованието, а тие не носеа такви уредби. Туку тие со законски уредби назначуваа апелациони судии, си доделуваа лиценци за отворање на фабрики за производство на марихуана, изјави во Топ Тема пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

Тој истакна дека се брзаше на избори за да го дочекаме спремни есенскиот бран, а потоа после изборите месец и половина си заминаа на одмор и ден денеска немаме функционални институции.

– Треба оставки во моментов, Филипче како министер направи еден таков гаф, кажа дека планираната бројка е 2000 а сега имаме десеткратно повеќе. Бројот на починати се доближува до прогнозата на Филипче. Како да зборуваме за успешно справување со кризата кога статистиката покажува спротивно. Би Би Си во нивниот последен извештај ја смести Македонија во рангот на земји со најголема смртност во Европа и најлоша корона слика на Балканот. 34, 6 починати на 100.000 жители не прави земја со најголем морталитет во регионот. Сите мерки и средства кои се потрошија, околу милијарда евра, а резултатите се никакви и економските и здравствените, потенцираше Ристески.

Тој нагласи дека граѓаните генерално ги почитуваа мерките и ние не можеме да ги казнуваме сите граѓани.

– Оваа криза сериозно ги погоди граѓаните. Во градот од каде доаѓам Прилеп, економијата многу трпи. Старата чаршија како репрезент на економијата во градот, луѓето се изразуваат дека во турско не било полошо, 33 дуќани се празни, тоа не било замисливо, се барало дуќан повеќе. Сега тие луѓе не треба да ги казнуваме повеќе. Ако воведеме нови рестриктивни мерки без анализа, изјави Ристески

Коронавирус