сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ристески: Прилепчани многу добро памтат од каде Заев почна да ја турка двојазичноста

Ристески: Прилепчани многу добро памтат од каде Заев почна да ја турка двојазичноста

Интегрален текст од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп

Пред некој ден во нашиот град беше дојден Зоран Заев, човекот кој е на чело на оваа ненародна, криминална власт, која освен пустош и црнила, не донесе ништо друго во Република Македонија.

Токму денес, од градот херој, СДСM ја започнува својата кампања за претседателските избори.

Прилепчани многу добро паметат како истиот тој Зоран Заев, од центарот на градот ја најави двојазичноста низ цела територија на Република Македонија која на шверцески начин насилно ја истурка во собрание. А пред некој ден, пушти и пробен балон за увоз на странска работна сила, додека Прилеп мака мачи со невработеноста. Дали со овој пробен балон Заев го најави доаѓањето на мигрантите во Македонија, останува да видиме?

Прилепчани паметат како Заев и градоначалникот Јованоски, ветуваа транспаретно владеење, дека ќе бидат поблиску до народот и ќе ги слушаат непосредно проблемите, за накрај да се скријат во прилепската општина, со одбрано друштво од бизнисмени, игнорирајќи го незадоволството и револтот на обичниот граѓанин.

Она што досега СДСМ го сработи како на централно така и на локално ниво се, промена на името на нашата држава Република Македонија, бришење на историјата, мизерна економија без ниту една значајна инвестиција која беше оценета со оцена 0 од германските инвеститори, цутење на криминалот и непотизмот, живот за најистакнатите партиски активисти и нивните роднини, вдомување на истите на високи позиции, реализирани очајни 20% капитални инвестиции во Прилеп,  60% повисоки сметки за вода, наместо  за 20% поевтини како што беше предизборното ветување на градоначалникот Јованоски.

Со кое лице, денес од Прилеп, Зоран Заев и неговиот кандидат за претседател Стево Пендаровски кој народот го нарекуваше стока, ќе ја бараат поддршката од прилепчани? Со кое лице ќе ја бараат поддршката од пензионерите на кои наместо ветеното покачување им ја намалија пензијата? Со кое лице ќе ја бараат и поддршката од наставниците и професорите кои земаат и до 7000 денари пониска плата од просечната, од вработените од Еурокомпозит, кои две години константно ги лажат, без да им бидат исплатени чесно заработените платати и ветените придонеси?

Но, народот е мудар и нема да дозволи да биде два пати прелажан.  Токму затоа на 21 април, почнува падот на оваа ненародна, криминална, предавничка власт. Поразот на Стево Пендаровски, ќе го означи почетокот на деинсталирање на оваа сосила инсталирана власт која ќе остане запаметена како најнеспособна власт од осамостојувањето на Македонија. Ќе има правда за сите! Македонија ќе победи!

Најнови вести

Коронавирус