среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 86
home Вести

Ристески: На овој начин како што власта го турка пописот ќе добиеме погрешни резултати и нема да може да се носат правилни одлуки за државата

Ристески: На овој начин како што власта го турка пописот ќе добиеме погрешни резултати и нема да може да се носат правилни одлуки за државата

ВМРО-ДПМНЕ не е против попис, туку против начинот на кој власта сака да го спроведе. Законот за попис се носеше насилно, избрзано и беџ консензус на општествените и политички чинители, вклучително и опозицијата. Ја исклучија дебатата и го злоупотребија европското знаменце, а ги одбија амандманите, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески за „24 Анализа“ на ТВ24.

Ристески истакна дека со оваа методологија и на овој начин како што го турка власта ќе не доведе до погрешни резултати и ние нема да можеме правилно да го планираме животот во државата, на пример нема да се знае каде е потребна нова фабрика, каде ново училиште, каде болница.

– Податоците од овој попис, не ни требаат да создаваме нетрпеливост, на национална основа, туку тие податоци ни требаат да можеме правилно да креираме политики во Република Македонија, како што се здравствени политики, економски, кој реон е помалку или повеќе развиен, каде треба да се изгради ново училиште, каде треба да има нова болница. За тоа ни требаат точни и релевантни податоци, потенцираше Ристески.

Ристески нагласи дека дури ни ЕУ не препорачува да се попишат граѓани кои подолго од една година живеат надвор, бидејќи тоа може да доведе до лажна бројка која не содејствува со реалноста.

– По препораките од Европска Унија, граѓаните кои се подолго од 12 месеци надвор од државата, треба да се попишат во онаа држава каде што живеат. Ние со овој попис треба да добиеме релевантен податок колку жители живеат во Македонија, а не колку се со државјанство, рече Ристески.

Тој за крај посочи дека ВМРО-ДПМНЕ собира потписи од граѓаните за укинување на овој Закон за попис, а потоа да може да се донесе нов Закон со кој ќе се спроведе реален попис со кој ќе имаме јасна слика колку жители има Македонија и какви стратегии ќе се спроведуваат.

ЕУРО 2020

Македонија