четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 114
home Вести

Ристески: Министерството за здравство во однос со справувањето со Ковид-19 има низа пропусти

Ристески: Министерството за здравство во однос со справувањето со Ковид-19 има низа пропусти

Денес во емисијата „Само Вистина“ гостуваше д-р Милан Ристески кој што посочи дека министерството за здравство во однос со справувањето со Ковид-19 има низа пропусти.

„Моментот на R0 под 1, демонтажата на болницата, па сега нејзиното повторно монтирање, одеднаш соочување со преземање на кадри од другите градови кои што прашање е колку е добро обучен да ја користи опремата за заштита. Да речеме ова денес што го гледав во Штипска гинекологија е најверојатно последица на несоодветно управување со опремата за заштита“, појасни Ристески укажувајќи на пропустите на министерството.

Ристески додаде дека денес во Македонија има повеќе луѓе во самоизолација отколку што има полицајци во државата, невозможно е полицајците да ги чуваат луѓето во самоизолација.

Коронавирус