понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 104
home Вести

Ристески кон Филипче: Случајно ли е 85% од починатите да биле хронично болни, а донесовте одлука да ги вратите на работа од 23 септември

Ристески кон Филипче: Случајно ли е 85% од починатите да биле хронично болни, а донесовте одлука да ги вратите на работа од 23 септември

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески на денешната собраниска комисиска дискусија во врска со измените на Законот за заразни болести, во низа на критики го праша министерот за здравство Венко Филипче дека треба да одговори дали е случајност што бројот на смртни случаи кои најголем дел се хронично болни, да се совпаѓа со одлуката на Владата за нивно враќање на работа.

Ристески го критикуваше присутниот министер за здравство Венко Филипче дека треба да си даде оставка, затоа што бројките како Извештајот на БИ-БИ-СИ посочиле дека Македонија е земја со најголема смртност во Европа и со најлоша корона слика во регионот.

На 30 август, во моментов на прогласување на новата влада сме имале 14.340 заболени во моментов бројката од тогаш е дуплирана, се наближуваме на 30,000 заболени, бројот на активни случаи ни е повеќе од 4,000, вие треба да поднесете одговорност за вашата работа до сега, зошто Македонија е рангирана со најлоша корона слика во регонот – му посочи на министерот Филипче, пратеникот Петар Ристески.

Ристески го праша Филипче зошто во Македонија најмногу умираат луѓе од коронавирусот, како и тоа дека тој во негова изјава посочил дека 85% од бројот на починати се хронични болни.

Зошто вие и Комисјата за заразни болести и дадовте предлог на владата и усвоено беше да ги врати хронично болните на работа од 23 септември – праша Ристески.

Дали совпаѓањето на бројот на смртни случаи по одлуката на Владата да ги врати хронично болните на работа е случајност или не, треба да одговори министерот Венко Филипче – рече Ристески.

Коронавирус