среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 172
home Вести

Ристески: Граѓаните заслужуваат да знаат зошто вакцините се уште не се набавени и зошто вакцинацијата не е почната

Ристески: Граѓаните заслужуваат да знаат зошто вакцините се уште не се набавени и зошто вакцинацијата не е почната

На денешната седница во Собранието на Република Македонија се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески кој се осврна на лошата здравствена ситуација, како и на лошите владини политики во однос на обезбедувањето на вакцини, кои што граѓаните предолго ги чекаат.

Ристески потенцираше дека Република Македонија ја води криминална и неспособна власт, односно дека Министерството за здравство е предводено од најнеспособниот министер кој некогаш ја водел институцијата. Тој додаде дека Филипче на почетокот на пандемијата бил дециден и стоел на ставот дека Македонија нема да се соочи со огромни бројки, за потоа јавноста за жал да сведочи на катастрофални бројки, односно над 3000 починати граѓани и над 100000 заболени од Ковид-19 вирусот.

-Република Македонија за разлика од соседните земји е во многу по назадна фаза во однос на вакцинирањето, бидејќи власта додека сите други набавувале вакцини, водела дневна политика и се фокусирала на опозицијата за да купат ден повеќе на политичката сцена. Токму затоа, Република Македонија е земја која што е помеѓу последните земји кои нарачале дури и најмала доза на вакцини, а кога истите ќе пристигнат, останува да видиме, вели Ристески.

“Неспособноста на оваа власт и на министерот Филипче може да се види по тоа дека дури сега се посветени на донесување на закон за лекови, кој е предуслов за набавка на вакцините. Филипче не беше способен да организира преземање и на оние вакцини кои му беа дадени како донација, камо ли да набави нови дози кои што несомнено се неопходни во овој момент. Покрај добиените вакцини од Србија, Заев вети уште неколку места од каде што очекува да му помогнат пријателите, како што тој ги нарекува, но досега нема ништо”, истакна Ристески.

-Иако Филипче се фали дека вакцинацијата отпочнала и дека се оди во најдобар ред, сепак фактите говорат дека со вакцинирање од 200 до 250 граѓани на ден, како што е случај во овој момент, потребни се 11 години за да се вакцинираат 1 милион жители. Оваа математика доволно покажува дали Република Македонија е на вистински пат во однос на вакцините, кои низ другите земји од соседството одамна се набавени и вакцинацијата е направена во голем процент, додаде Ристески.

-Граѓаните заслужуваат да знаат зошто вакцините сеуште не се набавени и вакцинацијата не е отпочната согласно темпото и динамиката кои што ги има во земјите од соседството. Граѓаните заслужуваат да знаат дали се директна жртва на Владата, бидејќи со ваквото однесување Владата покажува дека најверојатно вакцините не ги набавува поради тоа што не чувствуваат момент од кој би можеле да направат зделка за сопствен материјален бенефит. заврши Ристески.

Најнови вести

Локални избори 2021