сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ристески: Една од основните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ е враќање на достоинството на земјоделците

Ристески: Една од основните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ е враќање на достоинството на земјоделците

Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп преку статус на Фејсбук вели дека е време ВМРО-ДПМНЕ да го врати достоинството на земјоделците

-Враќањето на достоинството на земјоделците е eден од нашите основни приоритети и за таа цел предвидуваме над 640 милиони евра субвенции за земјоделците и гарантиран откуп на земјоделското производство. Над 10.000 семејства од Прилеп и прилепско кои се занимаваат со производство на тутун ќе можат конечно спокојно да спијат. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи откуп на увезен тутун без целосен откуп на целото домашно производство и без реално вреднување на класите. Сточарите ќе добијат за 50% зголемување на сувенциите по грло, односно наместо сегашните 1000 денари, ќе добиваат по 1500 денари. Идната Влада ќе вложува по 60 милиони евра секоја година во поддршката и развојот на руралниот развој. Ќе се подобрат капацитетите на Агенцијата за поддршка на развојот во земјоделството, со цел полесно изготвување на проектни документации и полесен пристап на земјоделците до ИПАРД фондовите на Европската Унија. Ќе обезбедиме неповратни средства од над 50% за модернизација и набавка на механизација и опрема за примарно производство, а ќе следува и сериозна поддршка за селата со цел да се спречи нивното понатамошно раселување. За таа цел, младите земјоделци ќе добиваат до 50.000 евра неповратни средства за започнување на земјоделски бизнис, каде особено ќе има поддршка за жени земјоделци и поддршка на млади брачни парови кои ќе се вратат во руралните средини и ќе започнат свој бизнис. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува и до 250 милиони денари за заштита на земјоделското производство од временски непогоди, што е рак рана во изминатите години, кога земјоделците ги губеа своите посеви и насади и остануваа без егзистенција. Во програмата предвидуваме и финансиска поддршка на инвестиции за воведување на системи “капка по капка”, за чија намена ќе се издвојуваат по 30 милиони денари, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Враќањето на достоинството на земјоделците е eден од нашите основни приоритети и за таа цел предвидуваме над 640 милиони…

Posted by Петар Ристески Претседател на OK ВМРО ДПМНЕ-Прилеп on Monday, June 29, 2020

Коронавирус