вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 32
home Вести

Ристески: Денес е тажен ден за Македонија, за семејствата на загинатите, за сите нас, ден на вечна тага и непребол, на гордост и непокор!

Ристески: Денес е тажен ден за Македонија, за семејствата на загинатите, за сите нас, ден на вечна тага и непребол, на гордост и непокор!

Поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески преку статус на Фејсбук им оддаде почит на трагично загинатите војници кај местото Карпалак пред точно 19 години на денешен ден.

-Денес е тажен ден за Македонија, за семејствата на загинатите, за сите нас, ден на вечна тага и непребол, на гордост и непокор! Датум испишан во историјата на Прилеп и Македонија кога оддаваме почит на бранителите за нивната храброст и огромна жртва, за нивното херојство….ден кога заедно, непоколебливо и несебично застанавме на браникот на татковината во одбрана на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет!
Не постои начин што може да ја намали нашата тага, не постојат зборови со кои може да се опише нашата болка. Најмалку што можеме е да го чуваме нивниот спомен и да ја почитуваме нивната пожртвуваност.
Нека Ви е вечна слава! Почивајте во мир!
Почит на семејствата на загинатите, почит на преживеаните херои! Да е вечен споменот за Карпалак! Да е вечна Македоннија!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Денес е тажен ден за Македонија, за семејствата на загинатите, за сите нас, ден на вечна тага и непребол, на гордост и…

Posted by Марјан Ристески on Friday, August 7, 2020

Коронавирус