понеделник, 23. септември 2019. Вести денес: 55
home Вести

Револтиран граѓанин го праша Бабовски: Господинот нека каже кога субвенциите ќе ги земеме?

Револтиран граѓанин го праша Бабовски: Господинот нека каже кога субвенциите ќе ги земеме?

Во вчерашната емисија на 1ТВ гостуваше Николче Бабовски, директор на агенција за стимулирање на аграрот и земјоделството кој одговараше на прашањата на граѓаните.

Еден граѓанин се јави и го праша кога мисли субвенциите да ги исплати бидејќи тој се уште нема земено субвенции за земјоделски насади и за сточарство.

-Господинот нека каже кога субвенциите ќе ги земеме, збори дека од лани оваа година дека субвенциите се многу поголеми. Меѓутоа ни денар немам субвенции земено. Имам околу 2.000 евра субвенции да земам но немам земено ниту денар. Немам за земјоделието, ниту пак за сточарството, рече револтираниот граѓанин од Штип.

Бабовски изјави дека можеби има вакви поединечни случаи, а најчесто се тоа луѓе кај кои што има одредени отстапувања при контрола на терен.