вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 146
home Вести

Реваншизам кон неистомисленици, метод на власта за замолчување и дефокус од реалните проблеми во државата

Реваншизам кон неистомисленици, метод на власта за замолчување и дефокус од реалните проблеми во државата

Заплашување, сеење страв, политички реваншизам и освета се методи на власта за дефокус на јавност од реалните проблеми во државата и замолчување на политички неистомисленици во недостаток на економски резултати и реформи.

Во изминатиот период во Македонија се почесто се јавуваат различни форми на прогон против неистомисленици, напади на новинари, притисок врз медиуми и слично. Ваквиот вид на притисок кој се врши води кон уназадување на демократските процеси во Македонија и е спротивен на европските вредности кон кои се стремиме. Примери има многу.

Љупчо Палевски, претседател на движењето Трета во изјава за телевизија Алфа кажа дека премиерот Зоран Заев и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков стојат зад нападот врз него извршен пред неколку дена од две маскирани лица со шипки. Притоа, тој изјави дека Мијалков дека му се заканувал оти ќе го стави во буре со киселина.

„За ова имам и сведоци, кои се подготвени да сведочат и на суд и да кажат на кое место и кога ми се заканил дека планира да ме стави во буре со киселина да не постојам“, изјави Палевски.

Инаку, Палевски е критичар на власта односно и континуирано објавува свои статуси и ставови. Исто така Палевски преку објави на својот фејсбук профил во јавноста сподели низа на доверливи информации, почнувајќи со аферата „Атлантик“ во која масовно се следеле и прислушувале опозициски претставници и активисти кои се бореа против промената на името.

Пред некое време исто така имаше физички напад врз новинарот и уредник на сајтот „Лидер“, Љупчо Златев. Според Златев, мотивот за нападот е текст кој тој го објавил на порталот „Лидер“, дека поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков купил луксузен имот покрај Охридското езеро. Во низата на случаи е и нападот и пресудите за новинарот на „Инфомакс“, Александар Митовски. Тој доби затворска пресуда за објавување.

Овде не запира тортурата врз новинарите и новинарската фела од страна на власта и луѓето блиски од неа. Има низа на случаи за напади, како вербални во смисла на клевета и навреда, така и физички, но надлежните не наоѓаат начин или можеби сила да ги расветлат истите.

Коронавирус