сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 44
home Вести

Решенија за изолација добиле 65 лица, полицискиот час го прекршиле 28

Решенија за изолација добиле 65 лица, полицискиот час го прекршиле 28

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (28/29.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 28 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 21 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 18 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

ЕУРО 2020

Македонија