сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 94
home Вести

Ресенските јаболкопроизводители организираа акција за собирање и донација на јаболка: Да се засрами министерот Николовски кој манипулира со нашите чувства

Ресенските јаболкопроизводители организираа акција за собирање и донација на јаболка: Да се засрами министерот Николовски кој манипулира со нашите чувства

Со денешното доаѓање, ако и воопшто дојде,  на министерот за земјоделие Љупчо Николовски, после многу обиди и повици за негово доаѓање, тој собра храброст  да ги посети  овоштарите во Ресен и Преспа, ова денеска на прес-конференција го истакна Александар Шуковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Општина Ресен.

-Денеска се организира и хуманитарна акција за собирање и донација на јаболка, па затоа покрај министерот Николовски ја повикуваме и министерката Мила Царовска да дојде  и собраните  јаболка во хуманитарната акција да ги распореди по институциите каде што има потреба. Затоа што  истата таа министерка, кога и јаболкопроизводителите ќе станат социјални случаи, ќе треба со некоја слична мерка да им помогне и на  нив. Дел од  собраните јаболка во хуманитарната акција можеме да ги испратиме и во Австралија, па градоначалникот на Општина Ресен да ги подели по нашите иселеници. Господинот Николовски денеска на најавената средба со земјоделците, без ниту еден писмен документ ќе дава некои ветувања, иако знаеме дека е предизборен период и не може да врши исплата. Во претходниот период во повеќе наврати министерот Николовски беше прозван да одговори на голем број  барања од страна на Иницијативниот одбор кој ги претставува сите земјоделци од Преспа, но се уште се чека на неговиот одговор по однос на барањата, потенцира Шуковски.

Тој го прашува министерот дали преспанските јаболкопроизводители се нешто поразлични од лозарите во кавадаречко па не можете да им помогнете, како што ги помогнавте во случајот „Повардарие“? Дали планирате да ги исплатите штетите за 2016-тата и дел од 2017-тата? Дали планирате да ги исплатите неисплатените субвенции и многу други барања и ветувања како што се најавуваните пазари од кои што нема ни трага ни глас, а вашата колешка Ленче Николовска како што претходно најавивме во еден од пресовите никогаш повеќе не се ни појави во Ресен и Преспа.

-Засрамете се, немојте да манипулирате со чувствата и емоциите на земјоделците и ако имате некакво конкретно решение решете го проблемот и помогнете им на јаболкопроизводителите, бидејќи се сомневаме дека ќе излезете со конкретно решение за решавање на овај проблем. Ова ќе биде уште една голема предизборна лага, бидејќи знаеме дека сега е предизборен период и не можете ништо конкретно да им помогнете на земјоделците. Ситуацијата во Преспа никогаш не била полоша и поочајна, така што некои од министерствата, како што се Министерството за земјоделие, Министерството за здравство, Министерството за животна средина, труд и социјала и други ќе треба исклучиво да работат во Преспа, бидејќи ни претстои голема еколошка, социјална, економска катастрофа поради фактот што голем дел од јаболката нема да бидат продадени, вели Шуковски.

Коронавирус