вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 155
home Вести

РЕПУБЛИКАТА ВО ПЛАМЕН: Активни се 13 пожари, горат куќи, граѓаните очајно бараат помош и бегаат од домовите

РЕПУБЛИКАТА ВО ПЛАМЕН: Активни се 13 пожари, горат куќи, граѓаните очајно бараат помош и бегаат од домовите

Во моментов во земјава се активни 13 пожари. Голема опасност демнее од повеќе страни. Голем број на граѓани стравуваат за својата безбедност и својот имот.

Според информациите, најстрашно е во Кочани. Таму пожарот проголта и неколку куќи, а жителите бегаат од своите домови гушејќи се во чад.

Голем шумски пожар избувнал попладнево во Општина Ранковце. Огнот зафатил голема површина шуми, а се проширил и во дел од населените места, Радибуш и Отошница, опожарувајќи и дел од куќите.

Огнот се движи кон браната во село Отошница, а надлежните стравуваат дека може да се прошири и кон околните села.

Пожар веќе втор ден беснее над Кокино, Општина Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од РЦУК Куманово. Зафатена е борова, дабова нискостеблеста шума, поголема површина.

Гори борова, дабова и нискостеблеста шума во Кокино, Старо Нагоричане.

Командирот на противпожарната единица на Старо Нагоричане, Далибор Трајковски вели дека во тек е акција за гасење на пожарот.

Општините бараат помош од државата, но како што истакнуваат не ја добиле.

Градоначалникот Николчо Илиjев за „360 степени“ изјави дека голема опасност за градот има од три страни. Огнот се гасне со пет противпожарни возила со колку и располагаат, а едно возило изгорело. Илиев вели дека помош не добиваат зашто има повеќе пожари во регионот и секоја противпожарна единица гасне на својата територија.

Коронавирус