четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 114
home Вести

„Република“: Судењата на случаите на СЈО се политичка пресметка на СДСМ со ВМРО-ДПМНЕ

„Република“: Судењата на случаите на СЈО се политичка пресметка на СДСМ со ВМРО-ДПМНЕ

Од сите досегашни рочишта на случаите од СЈО веќе е јасно и видливо дека не само обвиненијата подготвени од СЈО, туку и судењата се политичка хајка, политички прогон и политичка освета на СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ, анализира порталот „Република“.

Сите објективни набљудувачи на процесите, особено оние кои се во судницата, коментираат дека судиите толку многу работат пристрасно, навивачки и со политичко партиски мотиви, што не умеат ни да го прикријат тоа.

-Судењата против Никола Груевски и другите од ВМРО-ДПМНЕ, се претворија во политичко судски линч врз опозицијата, без правни аргументи и со намера најбрзо можно процесите да завршат, и обвинетите да се осудат. Секојдневно во судниците се кршат законите од страна на судиите, а обвинителите на СЈО се главни деспоти во процесот и тие раководат со судиите.  Се договараат претходно со претседателот на судот и со судијата, и координирано настапуваат на судењата. Судиите кога ќе се најдат во тесно, од одбраната на адвокатскиот тим на Груевски и останатите, јавно пред сите во салата бараат од СЈО да им помогне и ги повикуваат обвинителите да станат и да кажат нешто, што судијата потоа веднаш го прифаќа и носи одлука како што кажал СЈО, пишува „Република“.

Ова е политичко-судска кампања. Секогаш во историјата кога имало судски кампањи, завршувале со погрешни одлуки, кои подоцна историјата ги исправала.

-Со цел да се сигурни дека луѓето од ВМРО-ДПМНЕ и без вина ќе бидат осудени, СДСМ откако незаконски постави свој претседател на судот, издејствува, овие случаи да ги судат најлојалните судии на СДСМ, пишува порталот.

Коронавирус