сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 80
home Вести

Република Северна Македонија веќе осамна на меѓудржавни документи (ФОТО)

Република Северна Македонија веќе осамна на меѓудржавни документи (ФОТО)

Република Северна Македонија и Република Косово ќе градат заедничка Меѓудржавна програма за млади наменета за ученици, студенти и наставници. Телевизија Алфа ексклузивно дојде до документот кој напишан на 65 страни објаснува како младите од двете земји треба да ги зајакнат образовните капацитети. Програмата напишана на албански јазик и со датум дека е изготвена во Скопје во 2019-та ја споменува Република Северна Македонија како една од вклучените страни. Секаде во текстот институциите веќе се пишуваат според новото име за кое се испазари македонската Влада. Како автор на програмата се потпишува Реџеп Хоти како Национален координатор за култура, млади и спорт. Програмата веќе добила зелено светло од Косовската влада уште на 03.09.2018-та.

Побаравме став и од Илинденска бр.2…Македонската Влада го демантира постоењето ваква образовна програма. Портпаролот Бошњаковски вели дека таков документ не постои, ниту пак било разговарано во Министерството за образование. Алфа побара одговор кој е Реџеп Хоти, кој се потпишува како автор на програмата. Прашавме, која е потребата за Македонија и Косово да градат заедничка Меѓудржавна програма за млади , но не добивме одговор за ова.

-Таков документ во Владата нема, ниту пак е разговарано со Министерството за образование. А господинот Хоти кој го наведувате како автор на програмата воопшто не е дел од Владата, туку е вработен во косовските институции. Терминот Северна Македонија за меѓународна употреба ќе се применува откако Грција ќе испрати известување до НАТО дека го ратификувала Договорот, ни одговори владиниот портпарол.

Иако Владата негира постоење на ваков проект, документите кои ги поседува Алфа говорат дека всушност Националната програма за млади е завршната фаза преку која ќе се врши идентификација и филтрирање на најдобрите ученици на државни нивоа. Бошњаковски тврди дека воопшто немало нити разговарано за ваква програма, но во текстот стои дека:

-Следејќи ги линиите утврдени од политиките на Министерството за образование, наука и технологија, како и оние на Министерството за култура, млади и спорт во Република Косово, како и оние на Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за култура во Република Северна Македонија, оваа програма има за цел да придонесе за подобрување на квалитетот во образованието, културата и спортот, фокусирајќи се на главните субјекти од оваа област – учениците и студентите. Дизајнирана е да се реализира во вид на натпревар во знаење.

Во програмата детално е образложено за секое одделение според годините кои предмети ќе бидат дел од натпреварот. Откако ќе бидат подложени на процес на скрининг на државно ниво, младите од двете држави ќе ги соочат своите вештини, а меѓудржавен натпреварувачки совет кој ќе се состои од највисоки државни претставници од владините кабинети ќе го надгледуваат оценувањето, се наведува во текстот на програмата.

Ваквиот документ е доказ дека Владата веќе почна да го применува новото уставно име во меѓудржавни договори, иако за меѓународна употреба ќе се применува откако Грција ќе испрати известување до НАТО дека го ратификувала Договорот.

Во делот за добрите односи со соседите, актуелната власт ја зголеми и соработката со Косово, а во собранискиот пазар за двотретинско мнозинство за менување на Македонскиот Устав, Заев се испазари Косово да биде петтиот сосед на Република Северна Македонија.

ИЗВОР: ТВ АЛФА

Коронавирус