вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 75
home Вести

„Република“: Политички преседан за вршење на притисок врз медиум

„Република“: Политички преседан за вршење на притисок врз медиум

Најдобриот светски ракометар Никола Карабатиќ, кој е дел од француската репрезентација и кој во периодот кога играше за Монпеље беше осуден за вмешаност во местење на натпревари, е еден од најплатените играчи во овој спорт.

Карабатиќ кој во моментов игра во редовите на ПСЖ, годишно инкасира 1,1 милиони евра, со што е шестпати поплатен од нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров, кој годишно заработува по 180 000 евра.

Ова навидум изгледа како најобична информација од медиумите. Информација за тоа што работи и колку заработува личност која се занимава со јавна работа. Секојдневие… Но, се чини за македонското судство и македонската пракса ваквата реченица не смее да се најде во средствата за јавно информирање. Во спротивно медиумот ќе мора да плати казна, а директорот на истиот ќе добие затворска казна. Иако звучи нереално, сепак е нешто што реално се случува. Барем кај нас во Македонија, анализира Република.

За вaква реченица тенденциозно прво парично те казнува Дирекцијата за заштита на лични податоци, затоа што си објавил име и презиме и работен ангажман на лице кое врши јавна работа, си ја објавил неговата јавна активност.  Воедно на некои од лицата е објавена и сумата на пари кои тие ја добиле како надомест за тој ангажман, или пак е посочено дека биле на некој платен список. Се работи за лица кои се претставуваат како професори и политички аналитичари, новинари, борци за човекови права, претседател на Хелсиншки комеитет… Лица кои обавуваат јавна работа и кои се дел од разни дебатни емисии, од јавните собири на кои држат говори, испраќаат пораки, се фотографираат и сами ги објавуваат фотографиите од нивното учество на тие собири. Казната е во висина од 1.800 евра за медиумот и 550 евра за директорот, односно казна од 2.350 евра (околу 150.000 денари). Ова е првпат Дирекцијата да изрече глоба за медиум, а Република е казнета за објавување лични податоци (имиња и презимиња, работен ангажман, и паричен надомест) кои што, во најголем дел веќе беа објавени во други медиуми, пишува РЕПУБЛИКА.

По паричната казна од Дирекцијата за заштита на лични податоци следува уште една казна за истото дело. Судот, без никакво известување и покана до обвинетиот, без ниту едно оддржано судско рочиште, изрекува уште една парична казна за истото дело. И не само тоа. Изрекува и казна затвор за одговорното лице, односно директорот на медиумот, кој истовремено е и сопственик, во траење од 3 месеци, условно до една година да не стори ново кривично дело, затоа што во средството за јавно информирање биле објавени личности од јавниот живот со цело име и презиме и информација за нивниот работен ангажман.

Да бидеме јасни. Посочените во текстот не ја негираат содржината на истата,  ниту пак информациите кои се објавени. Тие не поднеле тужба за клевета и навреда. Се суди за објавување на нивните лични имиња.

Република деновиве доби ваква пресуда. Сите адвокати со кои разговаравме велат дека ова е нешто што досега воопшто не било дел од судската пракса, бидејќи за истото веќе сме санкционирани во прекршочна постапка и сме платиле казна која била изречеnа од Дирекцијата за заштита на лични податоци. Изненадени од судската пресуда тие коментираат дека вакво нешто немало никогаш досега.

Република не може поинаку да ја толкува ваквата одлука на судот, освен како судски преседан за вршење на притисок врз медиум. Се прави обид да се замолчи медиумот, да се наштети на истиот и вооедно се цели кон негово затворање. Уште повеќе што доаѓа во време кога на власт е партија која од падините на Водно и пред просториите на медиумот, во периодот кога беше опозиција, држеше прес-конференции на кои што беа искажани голем број лаги и клевети, обвинувајќи дека истиот тој медиум земал висока сума на пари за владини реклами. За ваквите невистини се води двегодишен судски спор пред истите овие судови. На закажаните судски рочишта не доаѓаат и тоа најпонизно се толерира од страна на судовите.

Целиот текст и документите, погледнете ги на РЕПУБЛИКА

Коронавирус