среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 132
home Вести

Република: Љупче, со камшик по медиумите Елиот Нес не се станува

Република: Љупче, со камшик по медиумите Елиот Нес не се станува

Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски не бил човекот кој го спроведе најголемиот поткуп, смета лично тој. ВМРО-ДПМНЕ, пак, мисли спротивно. А тука некаде, меѓу личното мислење на министерот и партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ се најдовме ние ни криви ни должни, пренесува порталот Република.мк

Човекот кој го спроведе најголемиот поткуп не може да биде вицепремиер за борба против корупција

Министерот Елиот Нес смета дека „Република“ му го нарушува угледот и треба да го повлече текстот и веднаш да му се извини.

-Наша обврска е неговата реакција да ја објавиме во целост и тоа ќе го сториме, велат од Република.мк

„Oткако си ја исполнивме обврската, го прашуваме Елиот Нес дали се навредил исто толку и од А1он, Макфакс, 24 инфо, Канал 5….. и едно брдо медиуми кои ја пренеле истата прес-конференција. А Љупче, да си ѕирнеш на Тајм.мк, па во истата тужба со која ни се закануваш нам, да ги ставиш сите медиуми, па сите кои сме пренеле прес-конференција на опозицијата да нè замолчиш. Така почнува борбата со корупцијата во Македонија – со фластер преку устите и превез преку очите на јавноста. Пријателски совет, Љупче, со камшик по медиумите Елиот Нес не се станува. И следниот пат да си го прочиташ текстот, да не те лажат дека „Република“ те навредила“, пишува Република.мк

 

Коронавирус