вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

„Република“: Хунтата го брани велепредавството со жесток напад врз народот

„Република“: Хунтата го брани велепредавството со жесток напад врз народот

Неколку стотини граѓани органзирани на социјалните групи вечерва се собраа пред Собранието на Република Македонија да го искажат револтот за потпишувањето на Договорот во Преспа и да побараат зачувување на уставното име на Република Македонија.

Пред Собранието на Република Македонија веќе трет ден се одржуваат протести против потпишување на договорот со кој Заев и Ципрас договориле промена на државното име на Република Македонија.

Учесниците на протестот бараат повлекување на договорот со Грција, оставка од Владата и да не се одржи референдум за името.

Демонстратите поставија и барикади со кои целосно е блокиран протокот на возила во двата правци. И покрај обидите на полицијата да ги растргне, демонстратите останале со цврста намера да не се повлекуваат. Тие повикаа што повеќе луѓе да излезат на барикадите и да им дадат поддршка во борбата која ги засега сите граѓани на земјата.

Во текот на вечерта дојде до инцидент предизвикан од уфрлени провокатори. Партиската полиција на Оливер Спасовски жестоко одговори и со шок-бомби и со солзавец удри по својот народ.

Демократијата што ја практикуваат Заев и Спасовски повторно е на виделина. Вечерва велепредавството хунтата го бранеше со жесток напад на својот народ.

Коронавирус