сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 68
home Вести

Рентген институт нов кластер: Техничар доаѓал на работа со симптоми, по потврда на Ковид-19 тестирани негови колеги

Рентген институт нов кластер: Техничар доаѓал на работа со симптоми, по потврда на Ковид-19 тестирани негови колеги

Рентген техничар на Институтот за радиологија (рентген институт) е позитивен на коронавирус. Според првичните информации, тој доаѓал три дена на работа иако бил болен, со температура и симптоми на Ковид-19, објави НОВА.

Во моментот таму се прави епидемиолошка анкета, а резултати од тестовите се чекаат за уште тројца, потврдија за НОВА во ДСЗИ, од каде велат дека таму е можен нов кластер на коронавирусот.

Не се знае со колку вработени, како и пациенти имал контакт вработениот техничар, колку од нив снимал, ниту дали носел лична заштитна опрема.

Неофицијално, наводно за него се подготвува дисциплинска постапка.

Коронавирус