петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 130
home Вести

Ременски: Во СДСМ ништо не е јасно, зошто Заев баш Ковачевски го носи на лидерските средби

Ременски: Во СДСМ ништо не е јасно, зошто Заев баш Ковачевски го носи на лидерските средби

Јас ниту пред, ниту по мојата кандидатура немам комуникација во тој контекст, немам комуникација со претседателот Зоран Заев. Затоа што самите внатрепартиски избори и самата одлука на Централниот одбор на СДСМ го дава правото на секој кандидат кој што ги исполнува условите согласно Статутот на партијата и Правилникот да поднесе кандидатура и да ја збогати токму таа внатрепартиска демократија. Така што не сметав дека треба да добијам дозвола доколку имам идеја, капацитет, тим и секако разбирање за потребите на членството затоа што примарно преку ваквите избори ние бараме поддршка од нашето членство, истакна Фросина Ташевска Ременски во централниот дневник на Сител телевизија.

Ташевска Ременски додаде дека секој има право да има фаворит, секој има право да поддржи некого, но она што искрено таа го очекува е поддршка и поздрав на кандидатурите од претседателот Заев за сите кандидати, вклучително за кандидатурата на другарот Јован Деспотовски, вклучително и нејзината. Бидејќи само така може да се покаже тој еднаков пристап кон кандидатите кои што треба да трчаат за лидерската позиција.

– Не сметам дека присуството на Ковачевски на овие владини средби е некаков хендикепт или непотребно имајќи во предвид дека и тој е самиот и дел од владиниот кабинет. Јас се прашувам зошто можеби и други членови на Владата не присуствуваат. И што тоа значи? И каква е тоа порака што ја испраќаат? Можеме од секаков агол да ги коментираме позициите. Но, на прво прашање при поднесување на мојата кандидатура од еден новинар баш во овој контекст кога се е јасно зошто, јас и денеска ви тврдам дека во Социјалдемократскиот сојуз ништо не е јасно по однос на резултатите во внатрепартиските избори, нагласи Ташевска Ременски.

Ташевска Ременски посочи дека таа е убедена дека како што многумина беа изненадени од нејзината кандидатура можеби и најмалку се очекуваше, ќе бидат и изненадени од резултатот.

Коронавирус